Нашата спортска фамилија ја сочинуваат преку 700 вработени и преку 80 малопродажни објекти во Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора. Во неа секогаш се добредојдени луѓе со константна цел за подобар резултат , за учење и за унапредување во работата. По тој повод, потребна ни е личност за работно место:
Работни обврски:
- Учествува во изработка на годишни, полугодишни, квартални и месечни планови и буџети во соработка со другите раководители на сектори
- Управува со работните перформанси на малопродажба, големопродажба, интернет продажба и синдикална продажба во вид на остварување/неостварување на плановите за продажба, лагерот, наплатата, добивката и трошоците
- Одговорен е за осварување на воспоставените цели
- Обезбедува ефикасно функционирање на малопродажните објекти и на интернет продавницата
- Постојано ги подобрува сите продажни канали
- Работи на изнаоѓање кандидати за нови позиции
- Врши и други задачи по налог на Управителот
- Има обврска за чување на деловната тајна на Друштвото
- Виша или висока стручна подготовка од економски смер
- 5 години работно искуство на исто или слично работно место
- Напредно познавање на MS Office пакетот, а особено Excel пакетот
- Одлично познавање на англиски јазик
- Флексибилност и посветеност на работата
- Подготвеност за работа под притисок
- Вештини за преговарање и развој на добри меѓучовечни односи
- Вештини за раководење со тим и мотивација на вработените
- Вештини на стратешко размислување и долгорочно планирање
- Возачка дозвола - Б категорија
Можете да очекувате:
- Работете во стабилна компанија
- Редовна и стимулативна заработка
- Бонуси во согласност со перформансите
- Можност за професионален развој
Вашето CV и мотивациско писмо испратете ги преку полето Брза Апликација.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесна селекција ќе бидат контактирани.