Скопје Ист Гејт (дел од Балфин Групацијата) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на новоформираната интерна Дирекција за Безбедност, објавуваме оглас за позицијата:
РЕФЕРЕНТ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ
- 20 извршители -
Одговорности и работни задачи:
- Врши патрола во трговскиот центар и ги одвраќа потенцијалните деликвенти;
- Извршува должности за контрола на толпата и за одржување на редот во трговскиот центар;
- Помага при евентуални спорови помеѓу покровители, закупци и персоналот во трговскиот центар;
- Одговорa на прашањата на посетителите за ориентација низ трговскиот центар;
- Ги отстранува посетителите кои со своето поведение ги прекршуваат правилата на трговскиот центар или го нарушуваат мирот;
- Комуницира со локалните единици од министерство за внатрешни работи и противпожарните единици кога е потребно;
- Ажурно ги следи сите безбедносни системи/камери за надзор во рамките на Контролниот центар на ефикасен начин и во согласност со оперативните процедури, законодавството и најдобрите практики;
- Одговорен е за снимање на сите настани, инциденти и дејства преземени во јасен, читлив и точен пишан формат;
- Го оддржува системот за обезбедување на податоци во согласност со регулативите и безбедноста во рамки на контролната соба и опрема и пријавува неисправна или оштетена опрема на главниот безбедносен раководител или менаџментот;
- Се грижи за обезбедување на ефикасна и љубезна радио и телефонска врска и ефикасно се справува и одговара на сите поставени прашања;
- Се координира со безбедносните агенции и членовите на персоналот за да се обезбеди соодветно користење на системот за мониторинг и вклучување на сите очигледни записи и изјави на сведоци во согласност со регулативите, стандарди и практики;
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Средна стручна подготовка
- Валидна лиценца за обезбедување издадена од комората за приватно обезбедување на РСМ
- Уверение за неосудуваност
- Претходно работно искуство на иста или слична работа позиција, ќе се смета за предност
- Пожелно е познавање на англиски јазик и MS Office
- Високо развиена набљудувачка способност
- Психо-физичка спремност и подготвеност за справување со разни ситуации
- Способност за работа под притисок
- Адаптибилност и флексибилност кон динамична работна средина
Што нудиме:
- Работа во динамична средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Сменско работно време (дневна и ноќна работа)
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 04.10.2023.