Vrabotuvanje.com - Техничар за одржување во оддел ОBC (OBC Maintenance Technican) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Техничар за одржување во оддел ОBC (OBC Maintenance Technican)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА



КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие? 
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ обезбедувајќи  истовремено баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од: 
 
Техничар за одржување во оддел ОBC  (OBC Maintenance Technican)
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Одговорност за целокупното одржување на опремата;
  • Превентивно одржување и следење на машините и опремата за тестирање;
  • Максимизирање на времето и искористеноста на машината;
  • Познавање на сите аспекти на новата опрема/технологија;
  • Вршење на changeover на машините во согласност со распоредот на производство и производството на нови производи;
  • Извршување  итни /непланирани поправки на опремата за производство и редовно вршење на превентивно одржување
  • Иницирање на нови проекти кои ќе помогнат за намалување на времето на застој и подобрување на самото производството
  • Следење и раководење со опремата и процесите кои се користат за тестирање на производите. Ова би можело да вклучува склопување, калибрирањe итн.
 
Образование, искуство, вештини:
  • ССС електро или машинска струка, ВСС Електро/Машинска струка ќе се смета за предност;
  • +2 годишно искуство во оддржување;
  • Познавање и читање на електрошеми
  • Напредно познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook) 
  • Познавање на SAP ERP системот ќе се смета за предност;
  • Познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);  
 
Што обезбедуваме:
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар;
  • Здраво и безбедно работно опкружување;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Сигурност на вработувањето;
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација.
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде