Ambar се грижи за задоволување на потребите на купувачите и постојано е во тек со најновите модни трендови, поради што прерасна во популарен бренд за облека за млади.
Позади успехот на Ambar стојат 1120 посветени вработени кои се грижат за купувачите, како и тимот за менаџмент кој постојано имплементира промени и иновации.
Ве очекуваме, аплицирајте и бидете дел од нашиот тим !
STORE MANAGER
Локација: Skopje
Опис на работата:
- Примање и изложување на робата по правила на компанијата
- Следење на асортиманот и залихата
- Планирање и организирање на продажни активности
- Сериозен и одговорен пристап кон поставените задачи
- Одговорност за постигнување на целите за продажба и приходи за продавницата
- Одговорност за управување со финансиите на продавницата
- Одговорност за спроведување на маркетинг и промотивни кампањи претходно зададени за да го придвижите сообраќајот до продавницата
- Одговорност да се осигурате дека продавницата е безбедна и хигиенски чиста и за вработените и за клиентите
- Одговорност за водење и управување со тимот на вработени кои работат во продавницата
- Одговорност за успешна реализација на месечните таргети кај сите Купувачи
- Водење и договарање на месечни трејд маркетинг активности со секој Клучен Купувач наменети за потрошувачот
- Услужување на купувачи, во склад со стандардите на компанијата
Потребни Квалификации:
- Степен на образование – ССС/ВСС
- Минимум 1 година претходно работно искуство на исто или слично работно место
- Предност ќе имаат кандидатите кои работеле на слична позиција во областа со текстил
- Одлични комуникациски вештини
- Напредни тим лидерски вештини и искуство во водење на тим
- Одлични организациски вештини (способност за приоретизирање и поставување на цели)
- Предност ќе имаат кандидатите кои имаат познавање на Англиски и Албански јазик.
- Основно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
Ви нудиме:
- Редовна Плата + Процент од Продажба
- Позитивна работна атмосфера
- 13та Плата - К15 и платен годишен одмор
- Бенефиции при купување
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку полето Брза Апликација.
Рокот за пријавување е 20 дена од денот на објавување.
Ке бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.