Ambar се грижи за задоволување на потребите на купувачите и постојано е во тек со најновите модни трендови, поради што прерасна во популарен бренд за облека за млади.
Позади успехот на Ambar стојат 1120 посветени вработени кои се грижат за купувачите, како и тимот за менаџмент кој постојано имплементира промени и иновации.
Ве очекуваме, аплицирајте и бидете дел од нашиот тим !
ГЛАВЕН МАГАЦИОНЕР
Локација: Скопје
Главни обврски:
- Прием и потврда на примена роба
- Одржување на точни записи за робата достапна во магацинот
- Складирање и организација на робата
- Управување и следење на залихите во магацинот и продавниците
- Пакирање и означување на производите за продажба (аларми, скенирање, лепење декларации и сл.)
- Подготвување на робата за излез во продавниците
- Координаија со каргото за испорака на робата во продавници
- Контрола на неисправни производи
- Контрола на продажбата во продавниците и пренос на робата помеѓу продавници
- Дополнување на робата во продавниците според продажба
- Менување на етикети на артиклите за попусти и промоции
- Повраток на робата од тековната сезона според насоките зададени од компанијата
- Соработка со другите оддели и вработени во компанијата
- Хигиена и одржување на магацинскиот простор
Потребни Квалификации:
- Минимум средно образование
- Предност ќе имаат кандидатите кои работеле на слична позиција во областа со текстил
- Способност за индивидуала и тимска работа
- Флексибилна и иницијативна личност
- Основно/напредно ниво на познавање на MS Office (Word, Excel, Power Point)
Што нудиме :
- 40 работни часа неделно
- Обезбеден превоз до работно место
- Позитивна работна атмосфера
- Исплата на К15 и платен годишен одмор
- Бенефиции при купување
- Почетна плата 27 000 ден. и бонус
ЗАИНТЕРЕСИРАНИ?
Сите заинтересирани кои ги исполнуваат посочените услови да достават кратка биографија преку полето Брза Апликација.
Рокот за пријавување е 20 дена од денот на објавување.
Ке бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.
Напомена: Со испраќање на пријавата, кандидатот дава согласност компанијата да ги обработува неговите лични податоци во постапката за селекција во склад со законот за заштита на лични податоци.