Дипломиран правник
ODM Collections d.o.o. e компанија од Белград специјализирана за откуп на побарувања. Нашата компанија е со стекната доверба од страна на бројни реномирани клиенти од различни области и гранки на индустријата на кои сме им доверлив партнер во процесот на управување со побарувањата. Со континуирано унапредување на процесите и вложување во едукација на своите вработени, успеваме да ги исполниме стандардите на работењето.
Во нашата канцеларија во Скопје имаме потреба од проширување на тимот и пополнување на позицијата Дипломиран правник.
Услови:
- Завршен правен факултет
- Одлично познавање на работа со Microsoft Office
- Солидно познавање на англиски јазик
- Пожелно е искуство во постапки за извршување и присилна наплата
Нудиме предизвикувачки развој на вашата кариера, можност за континуирано лично и професионално усовршување во динамична работна атмосфера со соодветна финансиска компензација. Работејќи со нас ќе имате можност да ги испитате границите на своите професионални можности.
Аплицирајте преку полето Брза Апликација!
ODM Collections го задржува правото да ги контактира единствено оние кандидати кои ќе влезат во потесна селекција.