Vrabotuvanje.com - Менаџер за набавки - Скопје - СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер за набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • СКОПЈЕ ЕАСТ ГАТЕ СЕГ

Скопје Ист Гејт (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.

За потребите на компанијата објавуваме оглас за:

МЕНАЏЕР ЗА НАБАВКИ

Одговорности и работни задачи:

  • Одржува и спроведува буџет за набавки;
  • Преговара со подизведувачите и добавувачите за одредување на цената во договорите;
  • Спроведува налози за набавка и експедиција на материјали и опрема за работа;
  • Се состанува со добавувачите и изведувачите на предметот на набавката;
  • Обезбедува усогласеност со буџетот на проектот за кој се врши набавката, дава анализа за отстапувањата од предвидениот буџет;
  • Обезбедува точни листи за набавка со цел да се потврда дека планираните буџетите се точни;
  • Врши истражување на пазарот за предметот на набавка;
  • Развива и спроведува стратегии за набавка со цел да намалување на трошоците и поедноставување на процесот нанабавки;
  • Одржува деловни односи со добавувачиите и изведувачите на предметот на набавка;
  • Воспоставува професионален однос со добавувачите и изведувачите со цел да се обезбедат соодветни ресурси за сите планирани проекти, како и континуирано подобрување на цената и квалитетот на предметот на набавка;
  • Помага во одржување на програмата за контрола на квалитетот на друштвото;
  • Употребува технологии, и спроведува соодветни мерки на претпазливост и размена на информации со цел да се зголеми продуктивноста и профитабилноста;
  • Помага во решавање на спорови во однос на фактури и договори поврзани со предметот на набавка;
  • Покажува способност да справи со промена на налозите за предметот на нарачка;
  • Води сметка сите процедури за набавка да бидат завршени на време во согласност со барањата и во рамките на одобрениот буџет за набавка;

Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:

  • Висока стручна подготовка од областа на економијата или градежништвото
  • Минимум 3 годишно искуство на иста или слична работа позиција;
  • Одлично познавање Microsoft Office пакет;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Изразени преговарачки способности;
  • Изразени аналитички способности;
  • Способност за решавање на проблеми и одлучување за работи од свој делокруг;

Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:

  • Одговорност и ориентираност кон резултати
  • Развиено чувство за работна етика
  • Ориентираност кон клиенти
  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Силни организациски и интерперсонални вештини
  • Силни комуникациски вештини

Што нудиме:

  • Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
  • Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
  • Годишен бонус согласно постигнувањата
  • Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)

Доколку сакате заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.

Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 19.10.2023.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде