Локација: Скопје, Македонија
Џонсон Мети е компанија со долгогодишно искуство на светскиот пазар, со воспоставени системи за стандарди и квалитет.
Наградата за најдобар работодавач за 2022 година – во категорија странски компании во Република Северна Македонија, е големо признание за сите членови на тимот, кои Џонсон Мети го прават одлично место за работа и развој на таленти!
Имаме потреба од Техничар во одржување - електричар кој ќе му се придружи на тимот за Одржување во фабриката за автокатализатори во Скопје.
Главни одговорности:
- Одржување на опрема од погонот за производство и останата опрема која што го подржува работењето на истото, обезбедувајќи максимална ефикасност и минимално потрошено време
- Справување со електрични дефекти, инсталации и превентивно одржување
- Придонес кон развој на одделот со предлози/идеи за подобрување на ефикасноста, продуктивноста и безбедноста во сите работни области
- Грижа за резервните делови
- Работа со останатите колеги на совладување проблеми и изнаоѓање решенија, и сл.
- Можност за стекнување знаења од областа на електротехниката во мултинационална компанија во и надвор од границите на државата
Дали сте Вие идеалниот кандидат и имате?
- Задолжително средно образование (техничка струка)
- Пожелно е професионално искуство во оддел за електро одржување
- Техничко знаење и искуство во одржување електрични апликации на низок напон на електрични системи
- Познавање на опрема за автоматика: релејно контакторска опрема, сензори, индустриски мрежи и опрема за управување
- Способност за независно работење, ефикасно решавање на проблеми под притисок со зададени рокови
- Потребно е основно познавање на говорен и пишан англиски јазик како и MS Office пакет
Позицијата подразбира работа во смени
Како да аплицирате:
Интерните кандидати треба да го информираат својот претпоставен за нивната намера за аплицирање.
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, ве молиме да аплицирате на следниот линк:
Краен рок за аплицирање: 22 октомври 2023