Скопје Ист Гејт (дел од Балфин Груп) е првиот мултифункционален комплекс кој е спој на трговски и забавен центар, резиденцијален комплекс и деловен парк. Целта е да го подигнеме животниот и деловниот стандард и да донесеме нова енергија во срцето на Скопје преку воведување на нов животен стил и современи стандарди на урбано живеење.
За потребите на компанијата објавуваме оглас за:
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ИНФОРМАТИЧКА БЕЗБЕДНОСТ
Одговорности и работни задачи:
- Идентификување на ранливости во компјутерските мрежи
- Развивање и спроведување на сеопфатен план за заштита на компјутерски мрежи
- Следење на користењето на компјутерската мрежа за да се обезбеди исполнување на политиката за информатичката безбедност на компанијата
- Усогласување на политиката за информатичката безбедност со промените во релевантните безбедносни стандарди и можни закани
- Извршување на тестови за пенетрација
- Соработка со менаџментот и ИТ одделот за подобрување на информатичката безбедност
- Документирање на било какви нарушувања на информатичката безбедност и проценка на нивната штета
- Едукација на вработените во компанијата за безбедносниот софтвер и најдобрите практики за информатичка безбедност
Потребни стручни работни компетенции/способности и вештини:
- Диплома за компјутерски науки или област поврзана со технологија
- Професионална сертификација за информатичка безбедност
- Минимум 3 години искуство од во областа
- Познавање на различни системи за информатичка безбедност и управување со истите
- Решавање на проблеми и аналитички вештини
- Способност за едукација на нетехничка публика за различни мерки за информатичка безбедност
- Одлични вербални и писмени комуникациски вештини
- Одлично пишување и говорење на англиски јазик
Потребни општи работни компетенции/способности и вештини:
- Одговорност и ориентираност кон резултати
- Развиено чувство за работна етика
- Ориентираност кон клиенти
- Способност за самостојна и тимска работа
- Силни организациски и интерперсонални вештини
- Силни комуникациски вештини
Што нудиме:
- Работа во динамична интернационална средина, со амбициозен и професионален тим
- Атрактивна компензација, во согласност со искуството и работните обврски
- Годишен бонус согласно постигнувањата
- Работно време: 08:00/09:00 – 16:00/17:00 (флексибилно)
Доколку сте заинтересирани за работа во динамична средина, со професионален и проактивен тим, а воедно ги исполнувате потребните квалификации, ги очекуваме вашите апликации.
Испратете го своето CV преку означеното поле, најдоцна до 23.10.2023.