Vrabotuvanje.com - Менаџер на Контакт центар - Скопје - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Менаџер на Контакт центар

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити.

Финансиско друштво М КЕШ Македонија е дел од Management Financial Group (MFG), која обезбедува финансиски услуги во Бугарија,Украина, Романија,Полска,Чешка и Македонија.

Ние сме млад тим а сепак искусни професионалци. Сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри. Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот!

Како резултат на брзата експанзија и потребата  од добра организација и успешно водење на тимови во Контакт центар, ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од 

Менаџер на Контакт центар

Идеалниот кандидат треба да биде лидер, да има искуство во раководење на тимови, добро организирана и самоиницијативна личност , која може да понуди  брзи решенија за новонастанати ситуации

Работни задачи и одговорности:

  • Врши постојан мониторинг и контрола на квалитетот на обработката на регистрираните апликации, кои се  дистрибуирани до Контакт Центарот
  • Ги координира активностите / обемот на работа / вработувањето на агентите со цел адекватна распределба на работните обврски, компетентен одговор во договорените рокови и одржување на квалитетот на услугата на високо ниво
  • Подготвува дневни, неделни, месечни, (согласно работниот процес) налози за работа за  операторите  во Контакт Центарот (Продажба и Наплата), координирајќи ги со Тим лидерите. Дава упатства за промени во налозите на база на претходна направена анализа
  • Подготвува и предложува сменски начини на работа, во согласност со часовното, дневното, неделното и месечно оптоварување на структурите во Контакт Центарот, вклучително во случаите на настанување/планирање на вонредни настани кои подразбираат промена во оптоварувањето на операторите
  • Дава предлози за обуки за подобрување на перформансите на тимот, како и за подобрување на индивидуалните резултати на вработените
  • Континуирано работи на развој на одделот, усовршување на работните процеси и достигнување на целите, преку имплементација на лични практики и знаења
  • Врши дополнителни работни обврски дадени од страна на претпоставениот, а во согласност со работното место и стручната подготовка

Потребни квалификации:

  • Задолжително искуство на иста или слична позиција од минимум 2 години и искуство во раководење тим од најмалку 10 луѓе
  • Проактивно решавање на проблеми, односно процес на аналитичко размислување со цел да се решат проблемите и каде вештините за решавање проблеми се манифестираат во форма на практична интелигенција, расудување, вештини за планирање и креативно размислување
  • Висок степен на толерантност при стрес, односно способноста да се остане продуктивен во време на криза или критични настани и способност за извршување на задачи во куси рокови
  • Лидерски и аналитички вештини;
  • Високо ниво на интегритет и доверливост
  • Одлични  организаторски и комуникациски способности
  • Самоиницијативност, флексибилност и проактивност
  • Посветеност и одговорност кон задачите и работата
  • Способност за индивидуална и тимска работа

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата
  • Дополнителни бонуси
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки
  • Работа во брзо растечка компанија која нуди индивидуален раст и развој на своите вработени
  • Пријателска работна атмосфера
  • Работа со тим од професионалци и индивидулаци,кои веруваат во интегритет,тимска работа и отворена комуникација
  • Приватно здравствено осигурување за сите вработени,
  • Тим билдинг и други активности кои допринесуваат за сплотување на тимот и засилување на тимскиот дух
  • Учество во општествено одговорни активности


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
ИТ, Телекомуникации изнесува 45.517 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде