ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ТЕХНИЧАР ЗА ОДРЖУВАЊЕ
ОПИС:
- Имплементација на сите безбедносни стандарди
- Вршење на различни задачи при инсталирање и одржување на објектот и на опремата за производство
- Вршење на итни поправки на опремата за производство при пријава како и планирани превентивни поправки и прегледи
- Познавање на автоматика, електрика, механика, пневматика и хидраулика
- Искуство во работа со рачен, електричен и пневматски алат
- Искуство во работа со вилушкар и платформа за работа на висина
КВАЛИФИКАЦИИ:
- Задолжително средно образование од техничките науки (Електро струка)
- Валидна лиценца за возење на виљушкар и моторно возило ( ќе се смета за предност)
- Способност за читање на техничка документација
- Претходно работно искуство во оддел за одржување во производствена средина
- Подготвеност за работа во смени како и итна интервенција на повик
- Познавање на регулативите за здравје и безбедност при работа
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Посветен на работата и насочен кон реализирање на поставените цели
- Способен за превземање иницијатива во работењето
- Познавање на англиски јазик ќе се смета за предност.
ШТО НУДИМЕ:
- Конкурентни месечни примања
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места