ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ЗАВАРУВАЧИ
- Солидно познавање на процесот на заварување со цел избегнување на било какви девијации и дилатации на материјалите
- Изведување на заварени споеви со МИГ/МАГ Техника
- Заварување на различни типови на материјали (алуминиум, нерѓосувачки челик, јагленороден челик, комбинација помеѓу нив)
- Солидно познавање на можни дефекти во заварениот спој и нивно отстранување
- Работа со аголни брусалици, со цел припрема на заварените споеви, дупчалка и гасен пламен
- Минимум средно образование од техничките струки
- Претходно работно искуство како Заварувач во производствена средина
- Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
- Способност за читање на техничка документација
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Течно зборување и пишување на Македонски јазик
- Поседување на А тест за заварување ќе се смета за предност
- Почетна нето плата од 31.980 денари плус минат труд
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.