Vrabotuvanje.com - Електро инсталатери – подвозје и склопови - Скопје - ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Електро инсталатери – подвозје и склопови

Скопје

Рок за пријавување:

  • ВАН ХООЛ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Илинден

ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:

Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.

За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:

ЕЛЕКТРО ИНСТАЛАТЕРИ – ПОДВОЗЈЕ И СКЛОПОВИ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:
1. Работни задачи (пред склопување)
  • Поставување на електрични кабли во согласност со план
  • Поставување на конектори
  • Составување на контакни ормари и ормари со осигурувачи2.

2.​Работни задачи (склопување)

  • Поставување на различни електрични кабли на кров или на шасија (во соглавност со план/шема) за мотор, клима уредите, осветлувањето, аудио/видео
  • Поставување и поврзување на кабли за контактните ормари, надворешното осветлување и сигнализација (предни задни и странични светла) и внатрешното осветлување, мотор, стартер и алтернатори
 
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:
  • Минимум средно образование од техничките струки 
  • Познавање на Законската регулатива од областа на безбедност и здравје при работа
  • Способност за читање на техничка документација
  • Способност за прецизна работа со детали
  • Способност за работа под притисок и кратки рокови
 
ШТО НУДИМЕ:
  • Почетна нето плата од 28.900 денари плус минат труд
  • Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
  • Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
  • 24/7 дополнително осигурување од незгода
  • Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија  во кантина со ресторански стандард
  • Обезбеден превоз до/од работното место
  • Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа 
  • Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
  • “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
     

Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”. 
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор. 

Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци. 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде