За нас
Санте Плус Хоспитал Груп е групација на здравствени установи, која е составена од 5 болници лоцирани во Турција, Македонија, Албанија и Косово. Сите болници во групацијата се специјализирани за 15 различни медицински дејности. Исто така групацијата има 12 медицински центри лоцирани на Балканот, земјите од Среден Исток како и Евро-Азиските земји.
Со врвен тим на специјалисти, комплетна медицинска услуга на едно местo, технологија од светски признаени производители, комфор на највисоко ниво, хигиена според светски стандарди, Санте Плус Груп обезбедува здравствени услуги , со концепт на услужливост и достапност 24/7.
ПЗУ САНТЕ ПЛУС поради проширување на својот тим на клиниките во Скопје објавува оглас за вработување на
ДОКТОР ПО ОПШТА МЕДИЦИНА
Потребни квалификации
- Завршено високо образование – Медицински факултет;
- Положен стручен испит;
- Лиценца за работа во дејноста издадена од Лекарска комора на Македонија;
- Претходно работно искуство ќе се смета за предност
- Познавање на работа со компјутери;
- Познавање на англиски и албански ќе се смета за предност.
Лични карактеристики
- Организираност и одговорност;
- Способност за тимска работа;
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност;
- Способност за работа под притисок и на кратки рокови.
Заинтересирани?
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV), преку полето Брза Апликација, со задолжителна назнака „Оглас за Доктор по општа медицина”