КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
- Обезбедување и одржување на целосна усогласеност со Глобалниот проектен тим, како и со тимот за “Симултано Инженерство” - SE (Simultaneous Engineering)
- Осигурува дека сите проектни барања се познати и комуницирани на време со сите внатрешни засегнати страни
- Одговорен за координирање на сите активности поврзани со проектот во сите оддели (Производство, Производно Инженерство, Логистика, Квалитет, Човечки ресурси, Финансии), во различни фази од животниот век на производот.
- Тоа подразбира одговорност во фазата на Лансирање на проектот (Launch Management), како и одговорност за координација на сите промени (Change Management) во текот на сериското производство и по крајот на проектот.
- Одговорен да обезбеди сите активности поврзани со проектите да бидат завршени во дадениот рок и на потребното ниво.
- Одговорен за одржување и следење на распоредот на проектите и листата на отворени прашања во однос на истите
- Одговорен за организација на проектни состаноци, координирање на разни посети во фабриката и преглед на проекти од надворешни засегнати страни
- Одговорен за обезбедување на целосна транспарентност на проектите во рамките на организацијата КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
- Одговорен за идентификација на ризиците на проектот, отстапки во однос на роковите итн. и ескалирање во соодветно време
- Обезбедување на целосна внатрешна транспарентност и усогласеност со сите технички и проектни активности.
- Внимателно следење на сите активности за да се идентификуваат ризиците и пропустите што е можно порано.
- ВСС од технички струки – Машински или Електротехнички факултет или други технички факултети
- Искуство во автомобилска индустрија
- Минимум 5 години релевантно искуство со технички менаџмент на средно / високо раководно ниво.
- Познавање на системи за квалитет и управување со проекти
- Искуство во однос на вовдување на нови производи / нови процеси во индустрискиот и производниот процес
- Познавање на инженерските дисциплини за индустриско производство (балансирање на линии, оптимизација на времетраење на циклуси, итн.)
- Познавање на процесот на електронско и мехатронско склопување и/или вбризгување (Injection Molding)
- Сеопфатно разбирање на основите на производното инженерство за да се обезбеди позитивен и проактивен придонес кон стратешкото планирање
- Разбирање на производните процеси со цел да се осигура дека инженерските стратегии можат да резултираат со производствени придобивки
- Искуство со управување на проекти или призната квалификација - PMP
- Познавање на стандардите во автомобилската индустрија (IATF16949, ISO- 9001 14001)
- Познавање и ракување со QM методите FMEA / SPC / MSA / APQP
- Познавање на Lean Manufacturing и 6 сигма методологиите.
- Познавање, препознавање и анализа на главните причинители на одреден проблем и корективни акции на истите во рамките на целосниот “животен циклус” на производот.
- Добри IT вештини, особено со MS-Office, (SAP, Minitab)
- Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Проширено приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака Локален проект менаџер (Local Project Manager).