Vrabotuvanje.com - Тим Лидер – Алатница (Team Leader Tool Shop) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Тим Лидер – Алатница (Team Leader Tool Shop)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 
КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголеми производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Фолксваген, Ауди, Мерцедес, Порше, Тесла, Јагуар, Ланд Ровер. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
 
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 

КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од
Тим Лидер – Алатница (Team Leader Tool Shop)

Одговорен за сите аспекти на одржување во безпрекорна функционална состојба, поправка, развој и тестирање на алати за бризгање на пластика со цел да се осигура постигнување на деловните цели, да се максимизира продуктивноста и да се одржи на највисоко ниво ефикасноста на алатите за бризгање и опремата во алатницата.

Работни задачи и одговорности:
  • Раководење и организирање на тимот во алатница
  • Управување и одредување приоритет на задачите во рамките на одделот (координирање на употребата на потребните ресурси, опрема и машини);
  • Максимизирање на употребата на сите ресурси, вклучувајќи го и SAP системот, одржување на база на податоци за следење на алатите, водење на планиран распоред на активностите за одржување и поправка, да се обезбеди компјутеризиран дневник за дефекти и историја на сервисирањето на алатите;
  • Одговорен за одржување и поправка на алатите за лиење, како и за осигурување дека сите залихи на потрошни материјали, алатки и резервни делови се добро организирани и достапни
  • Одговорен за процесот на имплементација на инжинерските промени во техничката документација (3D моделите) како и на самите алати за лиење на пластика по основ на барања од страна на други релевантни оддели во компанијата;
  • Обезбедување понуди за поправка и изработка на нови и резервни делови за алатите за лиење и друга опрема;
  • Пресметка и анализа на клучните индикатори за перформансите на работењето на одделот со цел да се подобрат ефикасноста и продуктивноста;
  • Соработка со останатите релевантни оддели во компанијата
Образование, искуство, вештини:
 
  • BCC Машинска струка;
  • Најмалку 3 години искуство во областа на одржувањето и поправката на алати за оддел бризгање на пластика;
  • Познавање на CAD софтвер (дизајн/цртање) и CAM вештини ќе се сметаат како предност;
  • Познавање на технолигијата 3D скенирање/принтање ќе се смета да предност;
  • Познавање на SAP модули (пр: YTAD);
  • Пожелно е познавање на рачна и CNC обработка;
  • Напредно познавање на Microsoft Office Package;
  • Способност за решавање на технички проблеми и работа под притисок
  • Одлично познавање на Англиски јазик (говорење и пишување)
Што обезбедуваме:
 
  • Конкурентни примања на македонскиот пазар
  • Здраво и безбедно работно опкружување
  • Проширено приватно здравствено осигурување
  • Сигурност на вработувањето
  • Доследно почитување на прописите од областа на работните односи
  • Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој
  • Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан
 

Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака “Тим Лидер – Алатница (Team Leader Tool Shop)”.

КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.

Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде