Vrabotuvanje.com - Стручен референт за индиректни набавки - Скопје - РЕПЛЕК
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Стручен референт за индиректни набавки

Скопје

Рок за пријавување:

  • РЕПЛЕК

СТАНЕТЕ ДЕЛ ОД НАШИОТ ТИМ!

 

Реплек АД е една од најстарите фармацевтски компании во Македонија. Веќе 77 години броиме успеси како на домашниот така и на странските пазари. Присутни сме во повеќе од 25 земји, со преку 150 производи и со над 400 вработени. 

Нашите вработени се дел од успешната приказна на Реплек. Со особено внимание, придонесуваме кон нивниот развој и постојано сме во потрага по нови таленти. 

Прифати го нашиот предизвик и биди дел од успешната приказна на Реплек.

СТРУЧЕН РЕФЕРЕНТ ЗА ИНДИРЕКТНИ НАБАВКИ
Регион: Скопје

Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование - Економски факултет;
  • Работно искуство од 2 години во набавки;
  • Активно користење на англиски јазик;
  • Познавање и активно користење на MS Office;
  • Одлични комуникациски, организациски и аналитички способности;
  • Желба за постојана надоградба.
 
Работни обврски:
  • Активно учествува во спроведување и реализирање на барањата за индиректни набавки;
  • Активно учествува во воспоставување контакти и активна коресподенција со добавувачи, странски и домашни партнери;
  • Континуирано го прати статусот на нарачките;
  • Внесување во систем фактури после прием на робата;
  • Наоѓање на нови добавувачи и проверка на услови за работа со постоечките;
  • Одговара за координацијата помеѓу одделите во секторот и останатите сектори;
  • Подготвува извештаи за работењето.
 
Нудиме:
  • Динамична и позитивна работна средина;
  • Можност за кариерен развој и континуирана едукација;
  • Систем за вреднување на постигнати индивидуални и тимски резултати;
  • Менаџмент и тим за човечки ресурси посветени на Вашиот кариерен развој;
  • Организациска култура која го подржува и почитува интегритетот на секој поединец во компанијата;
  • Организиран топол оброк;
  • Приватно здравствено осигурување.

Ако сте заинтересирани и насочени кон индивидуален развој и сакате да бидете дел од нашата успешна приказна, Ве молиме да ја пратите Вашата кратка биографија преку полето ‘‘Брза Апликација’’.

Напомена: Единствено апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. 

*Личните податоци наведени во кратката биографија добиени во процесот на селекција на кандидатите за вработување се користат единствено за целта за која се побарани. 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде