Телеком Србија Група е лидер во областа на телекомуникациите и како таква овозможува широк спектар на услуги на фиксна телефонија,мобилна,телевизиска и интернет комуникација со над 11 милиони претплатници на 4 регионални пазари: Србија,Босна и Херцеговина, Црна Гора и Македонија.
Нашите корпоративни вредности се задоволни корисници, тим, одговорности, промени и резултат.
За чекор пред другите сакаме да бидеме прв избор на корисникот во светот на дигиталните услуги.
Доколку и ти сакаш да бидеш чекор пред другите и да станеш дел од нашиот успешен тим, те повикуваме да се пријавиш за следната позиција :
АСИСТЕНТ ВО КАНЦЕЛАРИЈА
Твоите одговорности се:
- Архивирање на документација
- Организација на канцеларијата и помош на соработниците за оптимизирање на процесите
- Закажува и планира состаноци
- Сложување на конто картици и контакт со сметководство и добавувачи
- Прием на фактури и евиденција
- Водење на извештај за примени фактури
Ние ти нудиме:
- Динамично опкружување и позитивна работна атмосфера
- Стекнување на дополнителни вештини за работа
- Можност за кариерен развој
Она што е потребно за добар почеток е:
- Минимум 4ти степен на стручна подготовка
- Основни вештини за административно и сметководствено работење
- Изградени вештини за организирање
- Изградени вештини за комуникација
- Ефективна организација на работното време, навремено исполнување на зададените задачи и самоиницијативност
- Изградени способности за тимска работа
- Работа на компјутер ( Microsoft Office )
Ако себе си се гледаш во овој опис, испрати ни ја својата биографија преку полето Брза Апликација!