НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје, е Компанија од фармацевтската индустријa, дел од групацијата PHCANN INTERNATIONAL, лоцирана во Индустриската зона Ќојлија- Петровец, која располага со најсовремен производствен простор за indoor култивација на канабис и работи по највисоките европски стандарди за производство на производи од канабис за медицинска примена.
Во насока на проширување на нашиот Тим за Одгледување на растенија, вработуваме
ОПЕРАТОРИ СО СИСТЕМ И ОПРЕМА ЗА НАВОДНУВАЊЕ
Работни задачи за работната позиција:
- Подесување на системите за наводнување и производство на вода за наводнување на растенијата
- Проверка на параметри во систем и мониторинг на процесот на наводнување
- Подготовка на прихрана за растенијата
- Следење процедури и водење интерни записи и евиденции
- Одржување на хигиена на опремата и просториите на наводнување
Лични карактеристики и вештини кои ги цениме:
- Одговорност
- Доверливост
- Способност за следење и почитување на пропишани упатства и процедури
- Способност за тимска работа
Потребни квалификации на нашите кандидати:
- ССС- средно образование (ќе се смета за предност образование од техничка струка)
- Неосудуваност од Казнена и Кривична евиденција
- Познавање на MS Office и интернет пребарувачи
- Возачка дозвола Б-категорија
- Работно искуство со системи и опрема за наводнување, ќе се смета за предност
Доколку сметате дека вашите вештини и знаење одговараат на нашите потреби, повелете испратете ја вашата апликација со Професионална биографија преку полето Брза Апликација.
Процесот за одбирање ќе трае до 10 дена по завршување на огласот.
Кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор, ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
*Со испраќањето на Вашата кратка биографија согласни сте Вашите лични податоци да бидат обработени и зачувани исклучиво за потребите на регрутација и селекција од страна на НЈСК ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје.