Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ФИТОФАРМ ПЛУС ДОО
ФИТОФАРМ ПЛУС е реномирана фармацевтска компанија, која во рамките на својата деловна определба како клучен столб го има поставено индустриското производство и продажба на козметички производи, додатоци во исхраната, хербални производи и медицински помагала.
ФИТОФАРМ ПЛУС - фармацевтско-козметичка индустрија, има потреба од проширување на својот тим на следната работна позиција:
ВОЗАЧ НА ЛЕСНИ ДОСТАВНИ ВОЗИЛА
Потребни квалификации:
Средно образование
Возачка дозвока В – категорија (Активен возач)
Возач со работно искуство кој добро ги познава градовите во Македонија и локациите на аптеки
Предност ќе имаат кандидатите со работно искуство во фармацевтска индустрија.
Одговорности и задачи:
Утовар и достава на роба до аптеки и веледрогерии во Скопје и низ Македонија
Работно време:
Од понеделник до петок од 08 до 16 ч
Државните и верските празници се неработни
Само кандидатите што ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани.
Со доставата на мојата биографија се согласувам компанијата да ги обработува моите лични податоци за цели на пополнување на отворената работна позиција за која конкурирам.
Аплицирајте преку Брзата Апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Магацинско работење и логистика изнесува 25.063 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!