Korpa е онлајн сервис за достава на храна и намирници до вратата на корисниците, нивните канцеларии или на која било друга посакувана адреса.
Компанијата е основана во Македонија во 2021 година, моментално е достапна на територијата на град Скопје и брои повеќе од 300 партнери, вклучувајќи голем број на ресторани, продавници за храна и пијалоци, аптеки, цвеќарници и многу други специјализирани продавници.
Станува збор за qCommerce платформа која им нуди на своите корисници можност да направат нарачка преку апликацијата Korpa и истата да им биде доставена во рок од 20-50 минути од моментот на нарачката.
Доколку имате интерес и сакате да станете дел од нашиот тим и брзо растечкиот свет на е-трговијата, ве покануваме да се пријавите за следната работна позиција:
Обврски и одговорности:
- Внесување и креирање партнери во апликацијата
- Внесување менија на партнерите во апликацијата
- Вршење корекции и доработка на менијата по барање на партнерот
- Управување со содржината на апликацијата
- Административни работи
Посакувани квалификации, вештини и способности:
- Познавање на англиски јазик
- Со или без претходно работно искуство
- Прецизност и посветеност во работењето
- Исклучително внимание на деталите и аналитички вештини
- Тимска работа
- Компјутерски вештини
- Добри интерперсонални и комуникациски вештини
- Организациска способност, независност, одговорност и проактивност
Ви нудиме:
- Договор за вработување
- Работа во динамична и забавна околина
- Извонредна можност за учење и напредок
- Одлични современи услови за работа, со обезбедена потребна деловна опрема и пријатен канцелариски простор
Работно време:
- 40 часа неделно
- 08:00-16:00 ч
Пријава:
- Сите заинтересирани кандидати својата биографија може да ја испратат на info@korpa.mk
- Рокот за пријавување е 15 дена од датумот на објавување на огласот
Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесниот избор.
Сите пристигнати апликации ќе се третираат како строго доверливи.