КОСТАЛ е денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации.
- Инженерот за планирање на производство е задолжен за развојот на производот и започнување на проектот;
- Обезбедува планирање во однос на новите и веќе постоечки производи и процеси, со што ќе се управуваат и намалуваат ризиците на проектот во сите фази на производство;
- Ги подготвува, спроведува и следи сите промени поврзани со производот и производството, обезбедуваќи усогласеност со барањата на клиентот за функционалност и квалитет на самиот производ;
- Директно соработува со раководителот на проектот и тимот на инженери, со цел да се исполнат сите релевантни фази од проектот сè додека не се изврши предавањето во сериско производство;
- Дава целокупна поддршка во сериската фаза на производство доколку има какви било промени во текот на истото.
- ВСС - Електротехнички или Машински факултет
- Најмалку 3 годишно работно искуство во управување со проекти или планирање на производни процеси;
- Искуство со анализа на причините и управување на ризик во целиот животен циклус на производот;
- Познавање на работа со технички цртежи
- Познавање на Microsoft Office производи (Word, Excel, Power Point и E-Mail - Outlook);
- Одлично познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори);
- Спремност за патување и подолг престој на обука во странство.
- Конкурентни примања на македонскиот пазар;
- Здраво и безбедно работно опкружување;
- Приватно здравствено осигурување;
- Сигурност на вработувањето;
- Доследно почитување на прописите од областа на работните односи;
- Можности за натамошно професионално усовршување и кариерен развој;
- Обезбеден превоз и исхрана во фабричкиот ресторан;