Vrabotuvanje.com - Референт - Скопје - Скопје - ЕУРО ТАБАК ДОО
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт - Скопје

Скопје

Рок за пријавување:

  • ЕУРО ТАБАК ДОО

 
Eуротабак е компанија која се стреми да биде претпочитан избор за дистрибутер на принципалите и на клиентите во земјата со модерен и ефикасен дистрибутивен систем, најголема покриеност на продажни места, најбрз пробив на пазарот, извонредна грижа за клиентите и големо портфолио на производи со врвен квалитет за крајните потрошувачи.
 
Еуротабак има потреба од Референт во секторот Финансии.
 

Локација: Скопје
Оддел: Финансии
Рок за пријавување: 29.02.2024
Позиција: 1

Цел на работното место:
  • Одговара за работење со финансиските и сметководствените информации на организацијата, со што овозможува носење на информирани одлуки. Анализира стабилност на компанијата и доставува финансиски информации до останатите деловни единици, со што им овозможува да прават буџетирања и да носат одлуки.
 
Услови за работа:
  • Редовна месечна плата;
  • Полно работно време - 40 часа;
  • Работа на определено време со можност за продолжување на неопределено
  • Пријатна работна атмосфера;
  • Обезбедени услови за работа со сите потребни материјално-технички средства;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Континуирани обуки и стручно доусовршување
 
Потребни квалификации:
  • Високо образование ( Економска насока);
  • Најмалку 2 години искуство во финансии или сметководство;
  • Комуникациски вештини;
  • Познавање на англиски јазик;
  • Одлично познавање на MC Office – Excel, Word
 
Работни задачи:
  • Врши усогласување на картици со коминтенти, изготвува записници и конфирмации
  • Книжи изводи и контактира со коминтенти
 
Како да аплицирате:
Доколку ги поседувате потребните вештини и искуство за да се приклучите на нашиот тим, аплицирајте за оваа позиција на нашата веб страна http://eurotabak.com.mk/kariera/, и ќе бидете исконтактирани од тимот на Човечки Ресурси на  Еуро Табак.
 
 
Краен рок за аплицирање: до 29.02.2024

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Продажба изнесува 22.310 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде