Vrabotuvanje.com - Соработник за одржување залихи - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Соработник за одржување залихи

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ ДОО е најголем синџир маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а успехот на компанијата го обезбедуваат 1.200 вработени, кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Нудиме возбудливи задачи и проекти во динамична и интернационална средина, а со цел проширување на нашиот тим во сектор Логистика, бараме личност која ќе ни се придружи на позицијата:

СОРАБОТНИК ЗА ОДРЖУВАЊЕ ЗАЛИХИ
(Supply Chain Management)

Како соработник за одржување залихи, Вие ќе ја надгледувате и управувате секоја фаза од протокот на производите од домашни и увозни добавувачи - од нарачка до испорака на производот. Преку меѓународна комуникација со најпознати светски производители ќе го организирате движењето на стоки од дистрибутивните центри на производителот до нашиот Логистички центар кој се наоѓа во населбата Илинден, на вкупна површина од 60.000 m2 и 16.000 m2 магацински простор. Процесот вклучува прогнозирање на трендовите и управување со залихите на производите кои се сместени на 6.800 палети во магацинот за сува стока и 2.500 палети на контролирана температура за замрзнати и фрижидерски производи, овошје и зеленчук и свежо месо. Од вкупниот асортиман од 1.400 производи, повеќе од 500 артикли се наши приватни брендови.

Ваши задачи:

  • Изработување на нарачки и одржување на оптимални залихи, согласно концептот и пропишаните процедури
  • Постигнување на максимална економичност во работењето, од сите аспекти, и минимизирање во делот на снемување на залиха
  • Планирање на продажби за различни периоди (дневно, месечно, семестрално и годишно ниво)
  • Следење на продажба и трендови, нови, сезонски и тест-артикли
  • Интегрирање на маркетинг-план преку следење на динамика и адаптирање на истата со цел спроведување на планот
  • Евиденција на воспоставена динамика на увоз, согласно утврдени правила, во транспортна листа
  • Конструкција на транспортен план, следење на реализација на планираното, рапортирање на отстапки
  • Комуникација и координација при увоз, со добавувачи, со Логистички центар, со шпедиција, царина и транспортери
  • Комуникација и координација со сите инволвирани внатрешни сектори, во процесот и синџирот на пристигнување на нарачката во Логистички центар на компанијата (логистика, набавка, маркетинг)
  • Изготвување на неделни/месечни планови и извештаи за спроведувани активности
  • Други работи од делокругот на работењето.

Вашиот профил:

  • ВСС (предност имаат кандидатите со Бизнис-логистика и Економија)
  • Предност ќе имаат кандидати со мин. 2 години работно искуство во областа
  • Задолжително познавање на англиски јазик, пожелно познавање и на албански и германски јазик
  • Јаки организациски, комуникациски вештини, можност за работа со рокови и под притисок
  • Силно развиени аналитички способности, навремено и прецизно анализирање и известување
  • Одлично познавање на најчесто користени софтверски решенија - напредно познавање на Excel
  • Високо развиена способност за координирање на трошоци и економичност, способност за разрешување на проблеми, работа со рокови и под притисок;
  • Одлични интерперсонални и комуникациски способности, пишани и усни, за ефикасна интеракција со персоналот и другите сектори.

Ние нудиме:

  • Обемно воведување во работата, со обука која ветува напредок и успех во работењето. Интензивно ќе бидете обучувани од ментор и ќе се запознаете со инструменти кои подоцна ќе Ви бидат потребни при самостојно извршување на деловните задачи
  • Атрактивна плата + дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи
  • Регрес,речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Слободен ден за роденден
  • Платено колективно осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за спортска опрема
  • Картичка за спорт
  • Пакет за новороденче
  • Училишен пакет производи
  • Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
  • Попуст за одмор во хотелот „Вилиџ“ во Охрид
  • Работа во интернационална компанија,.динамично работење исполнето со новипредизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.



Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.mk

Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет-страница: www.kam.com.mk

Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена, во зависност од бројот на пристигнати апликации. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесен избор и ќе бидат контактирани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде