Vrabotuvanje.com - Координатор за квалитет - Кочани - АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кочани
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Координатор за квалитет

Кочани

Рок за пријавување:

  • АМФЕНОЛ ТЕХНОЛОЏИ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Кочани

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место:
 

КООРДИНАТОР ЗА КВАЛИТЕТ

Amphenol

одговорности и задачи:

  • Организирање на работата во одделот за квалитет
  • Планирање и вработување на нови лица во одделот за квалитиет, како и подршка и обука на вработените.
  • Делегирање на дневните и подолгорочните задачи и обврски на вработените во одделот за квалитет
  • Планирање и организирање на интерни проверки (audit)
  • Организирање состаноци во организацијата и во одделот, со цел подготовка на надворешни проверки и подготовка на одделите за надворешни посети и проверки
  • Познавање на специфичните барања од клиентите и директна комуникација со клиентите поврзана со рекламации и проверки од нивна страна
  • Учество при анализирање на производите со грешка при рекламација од клиент
  • Следење на статусот на одобрување на производите и организирање да се одобрат сите проекти (PPAP)
  • Одобрување на контролни планови за производство и дијаграми на тек и FMEA документација
  • Секојдневна комуникација со менаџерот на фабриката за количество на шкарт
  • Следење на перформансите на процесите преку индикаторите зададени од менаџментот на компанијата
  • Континуирано подобрување на системот за квалитет.
  • Комуникација со одделот за квалитет во ,,Матичната фабрика,,
  • Секојдневна координација со инженерите за квалитет
  • Подготовка на неделни и месечни менаџмент извештаи за квалитет
  • Известување за грешки и слаби точки веднаш до соодветните сектори и блокирање на производи ако е потребно.
  • Блокирање на процеси и машини доколку истите не ги задоволуваат критериумите

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Образование : - Високо образование од технички науки
  • Работно искуство : минимум 3 години од областа на квалитет
  • Познавање на англиски јазик, работа со компјутер и познавање на стандардите за квалитет
  • Одлични комуникациски вештини, способност за работа под притисок, решавање на проблеми и континуирано подобрување

Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 16.02.2024год. по електронски пат преку Брзата Апликација, или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Координатор за квалитет - КЕ.

Напомена:

  • Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
  • Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема да се земат во предвид.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде