Vrabotuvanje.com - Административен асистент - Скопје - КАМ ДОО Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Административен асистент

Скопје

Рок за пријавување:

  • КАМ ДОО Скопје

КАМ доо е најголем синџир на маркети во Македонија кој ги применува основните принципи на хард дисконт: Висок квалитет и постојано ниски цени. Присутни сме во три земји во регионот со повеќе од 100 продавници, а за успехот на компанијата се заслужни 1.200 вработени кои посветено и професионално ја извршуваат својата работа.

Со цел проширување на нашите тимови, потребна е личност која ќе му се придружи на нашиот тим на работната позиција:

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ
(со средна стручна подготовка)


Ваши задачи:

  • навремено вршење на административни активности во согласност со канцелариските и компаниските правила и процедури
  • подготовка и водење на писмена и електронска кореспонденција и комплетирање на целосни предмети со сите потребни одобренија
  • редовна координација со претпоставениот и организација на канцелариските обврски и архивирање на предметите
  • изработка на дневни, неделни и месечни планови за работа
  • работни активности поврзани со предмети за КАМ Косово и КАМ Бугарија
  • останати работни активности од делокругот на работното место, согласно укажаната моментална потреба, по налог на претпоставениот.

Потребни квалификации:

  • завршено средно стручно образование
  • пожелно претходно административно работно искуство минимум 2 години
  • солидно познавање на работа со компјутер (MS office: Word, Excel, Power Point)
  • способност за самостојно работење, одредување приоритети и самоиницијативност
  • изразени аналитички вештини
  • истакнати комуникациски способности и сигурен настап
  • високоразвиени организациски вештини
  • волја за успех и постигнување на цели, во тесна соработка со мотивиран тим
  • пожелно е познавање на англискиот јазик.

Ние Ви нудиме:

  • Воведување во работата со обука од ментор
  • Навремени и сигурни примања со можност за дополнителен бонус во зависност од успешноста во извршувањето на работните задачи
  • Регрес речиси 3 пати поголем од законски пропишаниот
  • Бонус за препорачан пријател за работа
  • Слободен ден за роденден
  • Платено колективно осигурување
  • Ваучер за склучен брак
  • Ваучер за спортска опрема
  • Картичка за спорт
  • Подарок: пакет производи за новороденче
  • Училишен пакет производи
  • Пакет производи за верски празници согласно вероисповест
  • Попуст за одмор во хотел „Вилиџ“ во Охрид
  • Работа во интернационална компанија,.динамично работење исполнето со нови предизвици и можности за стекнување нови искуства, вештини и напредување во кариерата.



Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани и подготвени за нови успеси, испратете персонална биографија (CV) на адреса: КАМ ДОО Персонален оддел ул. 35 бр. 39, 1041 Илинден или на E-mail: personal@kam.mk

Апликација за работа можете да испратите и преку нашата интернет-страница: www.kam.com.mk

Изборот ќе се изврши во рок од 15 или 30 дена, во зависност од бројот на пристигнати апликации. Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе влезат во потесен избор и ќе бидат контактирани.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Административни професии изнесува 20.922 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде