Киeл Групацијата е еден од водечките европски производители на патнички системи за седишта за автобуси и железнички возила на локално, регионално и меѓуградско ниво.
Во рамките на своите компании лоцирани во Германија, Полска, Турција, Холандија, Шпанија, Франција, САД и Русија и со околу 1.700 вработени, Киeл е силен и сигурен партнер за задоволување на потребите на своите клиенти.
Во целиот свет, Киeл е признат по своите високо квалитетни производи, незаменлива експертиза и посветена работна сила. Со новата компанија "Киeл Македонија", која се наоѓа во Желино (Тетово), Киeл продолжува со својот ангажман за своите клиенти, со производство на седишта за автобуси.
Со цел проширување на својот тим, Киел Македонија има потреба од работници на позицијата:
Одговорности:
- Вработување во пред монтажа на нашиот метален оддел
- Брусење и исправување на заварените делови
- Изработка и обработка на склоповите потребни за железнички и автобуски седишта
Барања:
- Квалификуван работник во метална конструкција
- Повеќе годишно професионално искуство во метални работи
- Вештини за заварување со гас (MAG-Welding), е придобивка
- Читање технички цртежи
- Подготвеност за работа во смени
- Лични вештини: Иницијативност, тимска работа и флексибилност
- Потребна е обука од 2 месеци во нашата главна фабрика во Германија
Бенефити:
- Организиран транспорт;
- Лична заштитна опрема;
- Топол оброк;
- Приватно здравствено осигурување;
- Регрес за годишен одмор (К-15) 40% повисок од минималниот износ;
- Изненадувања за роденден и други подароци;
- Подарок за новороденче;
- Посветен тим со широко познавање и искуство, со иста страст за градење на бизнис од светски размери.
Останати информации и апликација:
Доколку оваа позиција ви изгледа ипривлечно и ги исполнувате зададените услови, ве покануваме да го испратете го вашето резиме/ CV преку Брза Апликација со назнака „Бравар/Работник со метал“.
Киел Македонија нуди еднакви можности на вработување без оглед на пол, раса, религија и убедувања, попреченост, возраст и сексуална ориентација.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат, нема да бидат земени предвид.
Ќе бидат контактирани само оние кои влегле во потесен круг на селекција.