Vrabotuvanje.com - E-commerce оператор - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

E-commerce оператор

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од:

E-commerce оператор

E-commerce операторот е одговорен за задоволството на купувачите, преку ефикасно одговарање на сите прашања поврзани со производите, процесот на online купување и други информации поврзани со работењето на компанијата.

Обврски и одговорности:

Комуникација со корисниците и надворешни соработници со цел процесирање на online нарачките, како и системско процесирање на нарачките.

Работни задачи:

  • Корисничка поддршка преку различни канали
  • Процесирање на нарачки креирани преку веб сајтовите и мобилната апикација на Fashion Group
  • Следење на нарачките кои треба да се достават до корисниците
  • Комуникација со курирски служби при неиспорачани, несоодветно испорачани и задоцнети испораки.
  • Процесирање на повратници, замени и рефундации
  • Унапредување на работењето на платформата во координација со други сектори

Образование, работно искуство и вештини:

  • Познавање на работа на компјутер, Мicrosoft Office пакет
  • Пожелно е познавање на работа со софтверски алатки за управување со онлајн нарачки
  • Познавање на англиски јазик
  • Работно искуство на иста или слична позиција минимум 1 година

Компетенции, знаења и способности

  • Брзо воочување на детали
  • Мултитаскинг
  • Прилагодливост и флексибилност
  • Управување со време и приоритети
  • Креативност и иновативност
  • Активно слушање
  • Љубезност, културно изразување и услужливост
  • Способност за тимска и индивидуална работа

Ние нудиме:

  • Работно време од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 часот (работна секоја трета Сабота)
  • Пакет бенефиции за лојални вработени
  • Конкурентна плата и дополнителни бонуси за остварување на зададени таргети
  • Можности за дополнителни обуки и тренинзи со цел стекнување на нови знаења и вештини
  • Можност за раст и развој на професионален план


​Испратете ја Вашата биографија преку полето Брза Апликација.

 
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Менаџмент изнесува 39.113 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде