Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
Gulf Oil
Поради понатамошен развој и зголемен обем на работата во Компанијата, објавуваме оглас за:
МЕНАЏЕР ЗА ГОЛЕМОПРОДАЖБА НА НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ
Основни одговорности и задачи:
Креира, развива, планира и организира стратегија за продажба;
Развива и одржува односи со клиенти и потенцијални клиенти;
Врши истражување на пазарот;
Ги креира и имплементира стратегиите на продажба и во согласност со генералниот менаџер, подготвуваат таргети за продажба за претстојни периоди;
Дава предлози за подобрување и зголемување на продажбата;
Секојдневно, во согласност со Генералниот менаџер и менаџерскиот тим ја утврдува продажната цена на големо врз основа на дефинирани параметри за пресметка;
Ја следи состојбата на продажбата и врз основа на истата изработува периодични извештаи за реализираната продажба која ја доставува до генералниот менаџер;
Врши продажба на нафтени деривати на коминтенти во Република Македонија и странство, комуницира со постојаните и бара потенцијални клиенти;
Води евиденција на побарувањата, за истите доставува извештаи до генералниот менаџер и дава насоки за поведување на постапка за наплата на побарувањата.
Одговорен е за навремено плаќање на нафтените деривати на купувачите со кои има договорено испорака, ја следи состојбата со плаќањата и за тоа ги известува Менаџерите;
Подготвува дневни и периодични извештаи за договорените количини на продажба на нафтени деривати и плаќањата на истите;
Потребни квалификации:
Високо образование – предност ќе имаат кандидатите со економски или сроден факултет;
Претходно работно искуство на иста или слична позиција од 3 (три) години ќе се смета за предност;
Активно познавање на странски јазици;
Возачка дозвола Б категорија.
Личен профил:
Одговорна и организирана личност;
Високо изразени лидерски вештини;
Лојалност и професионален пристап кон работата;
Иницијативност, посветеност и амбициозност;
Колегијалност и работа во тим.
* Доколку сакате да бидете дел од нашата компанија, Ве молиме испратете ни го Вашето CV со назнака Менаџер за големопродажба на нафтени деривати користејќи го полето за брза апликација.
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Менаџмент изнесува 39.113 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!