Vrabotuvanje.com - Специјалист за човечки ресурси - Скопје - Fashion Group
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Специјалист за човечки ресурси

Скопје

Рок за пријавување:

  • Fashion Group

Fashion Group повеќе од 20 години важи за најголема малопродажна модна групација во земјава, а во нејзиното портфолио ќе најдете некои од најголемите светски реномирани брендови како Hugo Boss, Diesel, Guess, Bitsiani, Mango, Springfield, Okaidi, Superdry, Timberland и други. Нашата цел од самиот почеток, па сè до денес е да му овозможиме на секој наш клиент да го изгради личниот стил и да експериментира со истиот, одбирајќи ги парчињата на светските брендови.

Нашите вредности го рефлектираат она вистинското на компанијата, но и на сите брендови чии франшизи ги претставуваме – воздигнувањето на личниот стил над модата со помош на уникатните сезонски колекции.

Вработените во нашата компанија чиј број постојано се зголемува, се тим индивидуалци и креативци кои постојано работат на развивање нови идеи за соодветно претставување на вредностите на компанијата. Постојано се обидуваме да го пронајдеме најдоброто во нашите вработени и заедно да работиме на нивните амбиции, бидејќи кога се инвестира во нивниот развој, не само што го зголемуваме нивниот професионален капацитет, туку и ја зголемуваме и успешноста на целата наша организација.

Со цел проширување на тимот Fashion Group има потреба од:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

 

Главни обврски и одговорности:

  • Организација и имплементација на регрутација и селекција на кандидати за вработување.
  • Спроведување на процес за отпочнување, продолжување и завршување на работен однос и изработка на соодветната документација.
  • Пријава/одјава на вработени во АВРСМ/ФЗО како и поднесување на боледувања.
  • Ориентација на нововработени.
  • Обезбедување на целосна документација за консолидирање на персоналните досиеја.
  • Редовно ажурирање на податоците за вработените, податоци за пресметка на плата и следење редовност и изработка на извештаи.
  • Подготовка на документи на барање на вработените.
  • Поддршка на сите сектори при спроведување на политики за човечки ресурси.
  • Поддршка во односите со вработените.
  • Редовно следење на измените во законската регулатива во доменот на работните односи.

Образование, работно искуство и вештини:

  • Задолжително искуство на иста или слична работна позиција (минимум 2 години)
  • Напредно работење на компјутер
  • Познавање на MS Office (Excel, Power Point, Word)
  • Познавање англиски јазик
  • Поттикнување на тимска работа, соработка и позитивна атмосфера
  • Комуникација (усна и писмена), организациски вештини (можност за управување со ефикасно време), фокусирање на детали, лојалност, доверба, планирање
  • Познавање на законот за работни односи и законот за безбедност и здравје при работа

Нудиме:

  • Можност да бидете дел од Компанија со одлична работна атмосфера
  • Конкурентна заработка
  • Можност за дополнително развивање и усовршување преку обуки и семинари
  • Пакет бенефиции за лојални вработени

Аплицирајте преку полето Брза Апликација.

 
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Човечки ресурси изнесува 36.801 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде