Vrabotuvanje.com - Автомеханичар на товарни моторни возила (м) - Словенија - Ред шпед ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Автомеханичар на товарни моторни возила (м)

Словенија

Рок за пријавување:

  • Ред шпед ДООЕЛ Скопје

РЕД ШПЕД ДООЕЛ Скопје, една од најуспешните професионални шпедиции, за својата сестринска компанија во Словенија, има потреба од вработување на:

Автомеханичар на товарни моторни возила (м)
1 позиција

Локација: Словенија

Одговорности и работни задачи:

  • Дијагностика на возила
  • Поправка и одржување на возила
  • Контрола на извршени сервисни активности
  • Користење стручна литература

Потребни квалификации:

  • Минимум средно образование - техничко училиште
  • 1 години работно искуство во поправка на товарни моторни возила
  • Способност за тимска работа
  • Возачка дозвола - Б категорија

Профил на кандидатот:

  • Одлични способности за организација и планирање на работата
  • Независен во работата, способен за работа под временски притисок, истовремено фокусирање на повеќе активности и правилно одредување на приоритетноста на работните задачи
  • Самоиницијативен, енергичен и исполнителен

Услови од компанијата:

  • Атрактивна заработувачка, стабилни приходи, платени патни трошоци нагоре и надолу, редовно осигурување.

Доколку сметате дека сте прилагодливи, сакате предизвик, имате позитивен и професионален пристап кон работата, Ве повикуваме да ги испратите Вашата професионална биографија на македонски јазик преку полето Брза Апликација со назнака “Автомеханичар на товарни моторни возила” во насловот на пораката. Огласот е отворен 10 дена од датумот на објавување.

Напомена:

Апликациите без приложена биографија нема да бидат разгледувани. Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат контактирани. Ред шпед ДООЕЛ го задржува правото да не избере ниту еден кандидат.

Сите апликации ќе бидат третирани со строга доверливост. Со самото аплицирање, кандидатот се согласува неговите лични податоци наведени во биографијата да бидат чувани во базата на податоци и обработувани од Ред шпед ДООЕЛ во рок од 1 година од денот на истекот на рокот за избор. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци согласно Законот за заштита на лични податоци.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Инсталации, Одржување и Поправки изнесува 24.722 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде