MAGIC е бренд кој носи иновации во светот на грицки и јаткасти плодови на нашиот пазар и во регионот. Долго време работиме на истражување на пазарот и развој на производи, па затоа сме исклучително горди што можеме конечно да им понудиме на нашите клиенти и потрошувачи нешто сосема ново и квалитетно на нашиот пазар. MAGIC брендот создаден 1989 година во Охрид. Фабриката Меџик МГ, се простира на површина од 2.400 м2, со имплементирани ХАЦЦП и ИСО стандарди и е производител и преработувач на сите видови јатки, зрнести плодови, семиња, сушени овошја, зачини и житни плодови, а Гемак Траде од 1 јули 2022 година почна со дистрибуција на овие производи на територијата на Македонија, наскоро и во Косово и Албанија. Засега на располагање имаме 74 производи, но работиме и на развојот на нови производи односно проширување на асортиманот. Во иднина планираме да дистрибуираме повеќе производи, кои ќе ги утврдиме врз основа на потребите и желбите на потрошувачите. Брендот MAGIC е дел од стратешкиот развој на Гемак Траде, дел од моќната MALIQI GROUP и претставува еден од поважните столбови за развивање на FMCG асортиманот на групацијата. Производите на MAGIC се веќе препознаени како квалитет и се дел од секојдневието на нашите потрошувачи. Кога станува збор за производството, планираме да го зголемиме извозот во регионот, да отвориме нови пазари и да го зголемиме пазарниот удел во продавниците каде што веќе ги имаат нашите MAGIC производи. Планираме да продолжиме да инвестираме во своите производствени капацитети и на своите потрошувачи секогаш да понудиме нешто ново, квалитетно и уникатно на пазарот.
MAGIC e во потрага по нов колега, на работната позиција:
ТЕХНОЛОГ ВО ПРОИЗВОДСТВО
Работни задачи и обврски:
- Ги организара работниците и прави план за работа
- Одговорен е за квалитетот и квантитетот на производството
- Развивање на контролата и квалитетот на производите и процесите
- Развој на нови производи
- Требува суровини и амбалажа за дневно производство
- Редовно евидентира присутни и отсутни работници и исполнување на норми; застој на машини и причини за истите
- Одговара за дисциплина во работатата и користење на работното време
- Води евиденција за производство и следливост на производот
- Запознаен e со принципите на HACCP и останати стандарди како и обврските од ЗБЗР и истите ги спроведува (контролира) и ги применува во работењето
- ВСС Технолошки науки
- Работно искуство предност
- Предност ќе имаат кандидатите со место на живеење во Охрид
Заинтересираните кандидати може да се пријават на огласот преку почето Аплицирај.