Vrabotuvanje.com - Референт за книговодство - Скопје - Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Референт за книговодство

Скопје

Рок за пријавување:

  • Цементарница Усје АД - Скопје - Групација ТИТАН

 

Доколку имате желба да бидете дел од успешен тим и сакате да ги остварите своите амбиции и визија, доколку сте креативни, посветени, насочени кон постигнување резултати и размислувате долгорочно, станете дел од една од најуспешните компании во земјата

Цементарница УСЈЕ АД Скопје ГРУПАЦИЈА ТИТАН
објавува оглас за вработување на

Референт за книговодство

 

Референтот ќе извршува работни задачи во Службата за сметководство како сметководител односно водење на финансово и материјално сметководство, работа со сметководствени програми - SAP, како и анализа на трошоци, и други анализи на барање на претпоставениот. Кандидатот треба да има изразени аналитички способности и прецизност во работењето. Основната нето плата за работното место е од 32.000 – 38.000 денари. Компанијата дополнително обезбедува платена исхрана, колективно приватно здравствено осигурување, како и додатоци за прекувремена работа. На ова работно место следуваат и други бенефиции, како бонус за успешно работење.

Квалификации: 
  • ССС/IV степен образование eкономско училиште/ гимназија
  • Работно искуство од најмалку 2 години во вршење на сметководствени работи со познавање на законската регулатива, и применливите сметководствени стандарди
  • Одлично познавање на МS Office
  • Познавање на работа SAP систем ќе се смета за предност
  • Познавање на англискиот јазик

Конкурентски предности за двете позиции:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација: 
1. Мотивациско писмо на англиски јазик
2. Биографија (CV) на англиски јазик
3. Доказ за завршено образование


Огласот трае 10 (десет) дена од денот на објавувањето.
Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

Вработувањето е на определено време до 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неопределено време.
Цементарница УСЈЕ обезбедува еднакви можности за вработување и позитивно ги поттикнува соодветно квалификуваните кандидати без оглед на пол, раса, хендикеп, возраст, сексуална определеност, религија или убедување.

Аплицирањето може да се врши на веб страницата на Цементарница УСЈЕ http://www.usje.mk

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.
Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Економија, Финансии и Сметководство изнесува 28.521 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде