Vrabotuvanje.com - Индустриски Инженер (Industrial Engineer) - Охрид - КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Индустриски Инженер (Industrial Engineer)

Охрид

Рок за пријавување:

  • КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА

 

КОСТАЛ е  денес еден од водечките добавувачи на сложени електронски и мехатронски производи за индустриски и автомобилски апликации. 
 
Вклучувајќи ја фабриката сместена во Охрид, КОСТАЛ е лоцирана  во вкупно  21 земја каде што работат повеќе од 20.000 посветени вработени кои ги снабдуваат сите најголемите производители на автомобили на 5 континенти. Фабриката на КОСТАЛ во Охрид во моментов ги снабдува БМВ, Мерцедес, Порше, Тесла и Ролс Ројс. 
 
Дали е важно за Вас, како што е и за нас, процесите континуирано да се унапредуваат и подобруваат, а работата со напредните технологии да стане дел од вашето секојдневие?
  
Дали сакате да го збогатите вашето професионално и животно искуство во рамките на Компанија која овозможува професионален и личен напредок, обезбедувајќи  истовремено ПРИВАТНО ЗДРАВСТВЕНО ОСИГУРУВАЊЕ  и баланс помеѓу работата и приватниот живот.
 
Со нас – КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА, можете да направите разлика!
 
КОСТАЛ МАКЕДОНИЈА има потреба од 
 
Индустриски Инженер (Industrial Engineer)  
 
 
Работни задачи и одговорности:
  • Одговорен за балансирање на линии и извршување на “bottleneck” анализи
  • Дефинира производствени таргети и усогласување со специфицираните барања на клиентите
  • Поддржува layout на линии
  • Имплементација на IE и LEAN алатките во секојдневното работење
  • Го поддржува индустриското производство на нови проекти 
  • Го поддржува планирањето на капацитетот на производството и line layout
  • Тесно соработува со инженерите за производство, планирање на квалитет и менаџерот на проектот

Образование, искуство, вештини:
  • ВСС (машински, електро или друга сродна област)
  • Се смета за предност познавање на процесот за континуирано подобрување и Time Study
  • Напредно познавање на англиски јазик (чита, пишува, говори); 
  • Познавање на MS Office (Excel, Power Point, Word), Autocad ќе се смета за предност
  • Добри комуникациски вештини, способности за решавање проблеми, вештини за организирање.
  • Генерално познавање на автомобилската индустрија ќе се смета за предност
 
Ако сте заинтересирани да се приклучите на нашиот тим, Ве молиме испратете ја вашета лична биографија “CV” и мотивационо писмо на англиски јазик преку полето Брза Апликација со назнака Индустриски Инженер (Industrial Engineer)  
 
КОСТАЛ Македонија е работодавач кој нуди  еднакви можности, посветен на ангажирање на разновидна работна сила и одржување на инклузивна култура.
 
Ве молиме имајте предвид дека само избраните кандидати ќе бидат повикани на интервју.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде