ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ИНСТАЛАТЕРИ/ОПШТИ МОНТЕРИ - ЗАВРШНА ДОРАБОТКА
- Монтажа и поврзување на системот за греење, ладење и климатизација
- Поврзување и поставување на цревата, цевките за (тоалет кабината и другите додатоци)
- Поставување на возачкото седиште
- Поставување на отворите на подот
- Поставување на внатрешните партиции
- Поставување на Врати и странични отвори
- Поставување на ретровизорите
- Поставување на калници, браници и странична заштита
- Монтажа на багажна полица
- Монтажа на завеси
- Завршување на ентериер со пластични лајсни
- Монтажа на врати и подесување
- Минимум средно образование од техничките струки
- Способност за читање на техничка документација
- Способност за прецизна работа со детали
- Способност за работа под притисок и кратки рокови
- Почетна нето плата од 28.900 денари плус минат труд
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места
Доколку сте заинтересирани испратете го Вашето CV (работна биографија) на англиски или на македонски јазик на www.vanhool.com/mk, во делот “Кариери”.
Само селектираните кандидати ќе бидат повикани на разговор.
Со Вашето доставување на CV се согласувате истото да биде задржано во нашата база на кандидати во времетраење од 12 месеци.