ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 70 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
СУПЕРВИЗОР НА ОДДЕЛ ЗА ЗАВРШНА ДОРАБОТКА
- Врши надзор и координација на активностите на Формените и Тим Лидерите во одделот
- Се грижи за кадарот преку селектирање, насочување и обуки на вработените; развива можности за личен напредок
- Го исполнува планот за производство и квалитетот на производот
- Ги координира активностите со одделот за логистика околу материјалите за работа
- Работи на подобрување на ефикасноста и дисциплината во одделот
- Препорачува мерки за подобрување на процесот, организацијата и/или продуктот
- Техничка стручна спрема (предност ќе имаат кандидати со Машински или Електро факултет)
- Солидно користење на пишан и говорен англиски јазик
- Работно искуство од минимум 5 години на раководна позиција во производство/сервис или 10 години на раководна позиција во друга околина
- Предност: работно искуство во сервис за автобуси/камиони/автомобили
- Друго: напредно користење на Excel
- Конкурентни месечни примања
- Раст на платата минимум еднаш годишно според успехот
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места