Vrabotuvanje.com - Возач- доставувач - Скопје - LL Gourmet
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач- доставувач

Скопје

Рок за пријавување:

  • LL Gourmet

Успешната приказна на нашата Компанија ја градиме континуирано вложувајќи во технологија, развој и унапредување на човечките ресурси. Како дел од нашиот внимателно дефиниран план за раст и развој на Компанијата во потрага сме по успешни, енергични и посветени кандидати кои би се придружиле на нашиот тим.

Поради зголемениот обем на работа  LL GOURMET  има потреба од вработување на:


Возач - доставувач
5 (пет) позиции - Скопје

 

Профил на кандидатот:

  • Поседување валидна возачка дозвола Б категорија, активен возач
  • Претходно работно искуство минимум 3 години
  • Завршено средно образование
  • Самоиницијативност и лојалност
  • Тимски дух
  • Одговорност и совесност во извршувањето на работните задачи

Опис на работни обврски и одговорности:

  • Врши навремена и точна испорака на храна и опрема
  • При доставата ги запазува хигиенско-санитетските правила за безбедност на храна
  • Води уредна евиденција на испратниците за достава на храна
  • Води уредна евиденција на документацијата за возилото
  • Се грижи за техничката исправност и хигиена на возилото

На кандидатот му нудиме:

  • Конкуренски месечни примања
  • Подарок за роденден
  • Организирана исхрана
  • Платен превоз
  • Работа во смени
  • Работа во пријатна и динамична работна средина

Доколку сте сигурни дека ја поседувате потребната амбиција, желба за успех и страст да се приклучите кон нашиот успешен тим, и сте спремни да ги користите извонредните можности за професионален развој кои ние ги нудиме, испратете ја вашата кратка биографија CV преку Брзата Апликација со назнака “Возач”.

Со аплицирањето кандидатот изјавува дека е согласен неговите лични податоци наведени во CV- то да бидат собрани и обработени од ПАРТИ СЕРВИС ЛЕО ДООЕЛ Скопје во согласност со Законот за заштита на лични податоци. Кандидатот изјавува дека е запознаен дека неговите лични податоци се собираат и обработуваат со цел избор  на кандидатот за позицијата за која аплицираат. Кандидатот има право во секое време да ја повлече дадената согласност за чување и обработка на неговите лични податоци.

 
 

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Туризам и Угостителство изнесува 20.094 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде