Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, Jamnica, Dijamant, Chips Way, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
Супервизор на финансии
- Ефективно и ефикасно спроведување на финансиските и сметководствените операции
- Помош при изработка на годишни планови, буџети и извештаи за работењето
- Соодветна примена на важечките регулаторни прописи во доменот на работните операции, сметководството, финансиите, даноците
- Соодветна примена на важечките политики, процедури кои регулираат одредени процеси во организацијата
- Учество во завршна сметка и затварање на конта
- Одржување на квалитетни односи со надворешните соработници – деловни партнери во доменот на своите работни задачи (банки, добавувачи)
- Оперативни состаноци со тимот со цел планирање, реализација и пратење на сите работни активности во секторот со кој раководи
- Одговорен за управување и унапредување на процесите во секторот
- Одговорен за развој на вработените во секторот
- Контрола на имплементацијата на ценовната политика
Услови и компетенции:
- Основни услови: ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции: Најмалку 2 години искуство на слични позиции во финансии, Напредно познавање на Office пакет (Еxcel, Word, PowerPoint)
- Општи компетенции: Солидно познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 часот до 8:30 и крај на работно време од 15:30 до 16:30 часот
- Можност за работа од дома
- Приватно здравствено осигурување
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Погодности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент
Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/