Во ладна логистика имаме потреба од кандидати – ПАРОВИ – за магацинска работа.
Станува збор за магацин кој е поделен на неколку одделенија во зависност од продуктите. Се работи по современи стандарди за работа и заштита при работа. Магацините се наоѓаат во индустриска зона во Коменда, на 20 км. од Љубљана и 17км од Крањ.
Потребен е машки и женски кадар = парови.
Мажите ќе бидат задолжени за магацинска работа, палетирање, подредување, утовар, истовар на палетирана роба, спремање на налог. Се тоа се одвива во различни делови од магацинскиот простор. Од просторијата каде ќе има потреба да работите зависи и температурата, најладниот магацин е на -20 степени целзиусови па се до +4 степени целзиусови. Додека жените ќе бидат задолжени за декларирање на робата или одржување на хигиената во магацинот во договор со надреденото лице.
Целата работа се одвива преку однапред добиени работни налози и сето тоа е контролирано преку компјутерска програма. Се работи со млечни производи, сирења, кашлкавали, јогурти, павлаки, сладоледи....
Работодавецот ви нуди:
- Стабилна и сигурна работа;
- Пензиско и здравствено осигурување;
- Пробна работа од 2-3 дена која е платена;
- Менторство од наши луѓе ( Македонци ) кои работат таму;
- Надоместок за транспорт во висина 0,18еур. / поминат километар.
- Надоместок за хранарина – 6 еур.;
- Сигурни 40 часа неделно работа во две смени;
- Работно време од 8 часа со паузи со можност за прекувремени работни часа;
- Договор за работа на подолг временски период, во зависност од договорот меѓу двете страни;
- Обука и презентација на работата и работните обврски;
- Почеток со работа во најскоро време;
- Бесплатно апликација и посредување за работа.
- Почетна заработка од околу 1200 еур.
- Додаток за стимулација од 30% за брзина, точност, квалитет и способност.
- Годишен регрес, божиќница и добивка за успешна година.
- Сместувањето е на сопствен аранжман. (не нуди сместување)
Услови кои се потребни за апликација:
- Работо-способност и стекнати работни навики;
- Да познава барем еден странски јазик како Англиски, Словенечки или Србско-Хрватски;
- Да поседува важечки патни исправи, ЕУ пасош не е задолжителен;
- Да може да одговори на обврските на барањата како тимски играч и како поединец;
- Да биде спремен да ги прифати предизвиците и обврските кои доаѓаат;
- Да има желба да учи и да го зголемува своето знаење со нови методи и практики;
- Поседување на сопствено возило се смета за предност.
За апликација, обработка и посредување на документи се грижиме ние и се тоа е бесплатно за вас.
Сите заинтересирани нека испратат CV/кратка биографија со назнака Работа За Парови на следната е-адреса: goran.mehandziski@salax.si При што за почеток ќе направиме online состанок со работодавецот и ќе ги испрецизираме следните чекори.
Ве очекуваме!
Следете не на:
WEB: Salax d.o.o. | Strokovne kadrovske rešitve in kadrovska agencija
FB profile: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075055490601
Instagram: HR agent Goran - Salax (@hr.agent.goran.salax)
Instagram photos and videos
FB page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090011628068
Linkedin: https://www.linkedin.com/in/goran-mehandjiski-5b05132b6/