Vrabotuvanje.com - Сервисер / Монтер - Кочевје - Salax
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Сервисер / Монтер

Кочевје, Словенија

Рок за пријавување:

  • Salax
 

ИМАМЕ ПОТРЕБА ОД МОНТЕР / СЕРВИСЕР

Компанија која е присутна на пазарот од 1984 година. Се занимаваат со продажба на различни производи, комплетна опрема за дома и околина, со можност за стручни совети и инсталација на апарати и други производи. Нивните производи ги нудат во физички продавници исто така и онлајн. Покрај широк спектар на производи од реномирани брендови, тие исто така имаат свој увоз на производи, брендови како Astarija (најразлични алати, апарати за домаќинство....) и JJspa (опрема за базени, спа центри, џакузи, столови за масажа), врз основа на најдобриот однос цена-квалитет.

Кандидатите кои ни се потребни ќе работат од Понеделник до Петок исклучиво прва смена. Обврски и задачи се на инсталација, монтажа, одржување, сервисирање и решавање проблеми со опрема кои ги имаат клиентите. Работата се одвива теренски во затворени или надворешни простории.

Што очекуваме од кандидатите?

Од кандидатите очекуваме динамика, ангажман, комуникативност, самоиницијатива, тимска работа. Накратко, очекуваме луѓе кои уживаат во извршување на зададените задачи и обврски. Искуство во работа се смета за предност.

Работните обврски се:

  • Монтажа на кади за масажа, сауни,
  • инсталација за електрика и водовод,
  • сервис на опрема,
  • дислокација или ре локација на опрема,
  • спремање/средување после работа.

Услови кои се потребни за апликација:

  • Работо - способност и стекнати работни навики;
  • Да познава други јазици Англиски, Словенечки или Србо-Хрватски;
  • Да поседува важечки патни исправи, ЕУ пасош не е задолжителен;
  • Да има високо образование на оваа струка или поврзано со оваа струка;
  • Да има желба да учи и да го зголемува своето знаење со нови методи и практики;
  • Искуство во оваа или слична работа.

Работодавецот Ви нуди:

  • Пензиско и здравствено осигурување.
  • Бесплатна изработка на документи за работа и престој во Р.Словенија.
  • Тренинг период за обука од 3 месеци со ментор кој ќе ве обучи и насочи во работата.
  • Платен годишен регрес и божиќница.
  • Платата која се нуди за оваа работна позиција е од €1 200 до €2 000 во зависност од искуството и ангажманот.
  • На тој износ добивате додатоци за: втора смена (доколку има потреба да бидете таму), за прекувремени работни часа, додаток за работа на празник, додаток за минат труд 0.5%, додаток за транспорт €0,20 од поминат километар и надоместок за ручек €5,95.

Нашата компанија нуди вработување. Можност за личен и професионален развој и надомест за стимулација. Нудиме директен контакт со новите технологии и трендови, интересна работна средина, зголемување на вештините, знаењето и многу повеќе.

Заинтересираните нека испратат CV/кратка биографија на Англиски, Србо хрватски(латинично писмо) или Словенечки јазик со назнака за Монтер / сеарвисер на следната е-адреса: goran.mehandziski@salax.si

Сите кои ќе бидат избрани ќе добијат маил за потврда и информации за online инфо состанок.

Ве очекуваме!

Следете не на:

WEB: Salax d.o.o. | Strokovne kadrovske rešitve in kadrovska agencija
FB profile: https://www.facebook.com/profile.php?id=100075055490601
Instagram: HR agent Goran - Salax (@hr.agent.goran.salax)
Instagram photos and videos
FB page: https://www.facebook.com/profile.php?id=100090011628068
Linkedin: https://www.linkedin.com/in/goran-mehandjiski-5b05132b6/

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде