Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени!
Бидете дел од НЕЛТ СТ!
Кои сме ние?
Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем. Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.
Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.
Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, Jamnica, Dijamant, Chips Way, А1 Makedonija, Bau Center.
Вработуваме:
Аналитичар на продажба
- Распределба на месечните цели добиени според програмите за продажба и нивно соопштување до организацијата
- Изработка и ажурирање на извештаите за пратење на реализацијата на продажбата, како и дополнителна едукација за алатките за известување (SAP, BEx, Excel, Power BI)
- Следење на резултатите од продажбата и укажување на продажните трендови
- Коментирање на продажните параметри и укажување на трендовите на продажната организација
- Учество во изработка на буџетскиот процес – буџет на приходи преку изработка на помошни фајлови за изградба на building блокови со постигнати резултати за тековната година, разбирање на building блоковите и процесот на буџетирање, помагање на продажната организација во подготовката на презентацијата за одбрана на буџетот и коментирање на добиените резултати од буџетскиот процес
Услови и компетенции:
- Основни услови: ВСС
- Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
- Функционални компетенции: Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на приоритети
- Општи компетенции: Одлично познавање на работа на компјутер, Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
- Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
- Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 часот до 8:30 и крај на работно време од 15:30 до 16:30 часот
- Можност за работа од дома
- Исплата на минат труд и годишен регрес
- Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
- Поволности за купување со попуст и на рати
- Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
- Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
- Одлична работна атмосфера
- Различни мотивациски и тим билдинг активности
- Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
- Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
- Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент
Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/