Vrabotuvanje.com - Планер на залихи - Скопје - НЕЛТ СТ ДООЕЛ
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Планер на залихи

Скопје

Рок за пријавување:

  • НЕЛТ СТ ДООЕЛ
 

Затоа што сте:
Професионални,
Енергични,
Посветени!

Бидете дел од НЕЛТ СТ!


Кои сме ние?

Со 30 години развој, Нелт Група е синоним за успешен бизнис систем.  Вработените, амбасадорите на вредностите на Нелт, првенствено придонесоа за ова, со доверба и поддршка на партнерите на сите пазари каде што работи Нелт Група.

Своето работење групата го заснова на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење, во обид да придонесе за развој на локалната и пошироката заедница. Компанијата брои 4000 вработени и 80 принципали, на 11 пазари, а стратешки гледано, се потпира на три столба: дистрибуција, логистика и развој на бизнисот на пазарите во Африка.

Наши партнери и клиенти на македонскиот пазар се: Procter&Gamble, Mondelez, BIC, Jacobs, Jaffa Crvenka, Neoplanta, Mama's, Dr.Oetker, SebaMed, Baby Food Factory, Jamnica, Dijamant, Chips Way, А1 Makedonija, Bau Center.

Вработуваме:
Планер на залихи

Опис на работната позиција: 
  • Предвидување на продажба преку анализа на податоци и пазарни трендови за да се обезбеди прецизен план на продажба на производи во различни временски интервали.
  • Одржување на оптимално ниво на залихи преку континуирано прилагодување на плановите за продажба и достапноста на производите наменети за регуларна и акциска продажба
  • Идентификување на потенцијалните ризици предизвикани од флуктуациите на побарувачката, проблеми при процесот на производство или пак промени на пазарот и разработка на предлог активности за нивно надминување.
  • Изработка на План на продажба за лансирање на нови производи преку анализа на податоци од продажниот тим, анализа на пазарните трендови и анализа на историски податоци од лансирања на слични производи
  • Следење и евалуација на точноста на Планот на продажба, преглед и анализа на влезните податоци, идентификација на пазарните трендови и анализа на можностите за унапредување.
  • Соработка со Принципалите со цел да се обезбеди усогласување на Плановите на повлекување со Плановите на производство и набавка на суровини што треба да обезбеди континуиран процес на обезбедување залихи и минимизирање на времето потребно за траснпорт и прием.
  • Дневно следење на нивото на залихите и идентификување на потенцијален недостаток или вишок на количини со цел навремено преземање на корективни дејства

Услови и компетенции:
  • Основни услови: ВСС
  • Корпоративни компетенции: Победнички менталитет, Грижа за луѓе, Иновативност, Долгорочна перспектива и Лична одговорност
  • Функционални компетенции: Решавање на проблеми, Комуникација, Поставување на приоритети
  • Општи компетенции: Одлично познавање на работа на компјутер, Одлично познавање на англиски јазик (пишување и говорење), Возачка дозвола Б категорија
 
Што нудиме?
  • Предизвикувачка и динамична работа со можност за напредување
  • Флексибилно работно време од понеделник до петок, со можност за почеток од 7:30 часот до 8:30 и крај на работно време од 15:30 до 16:30 часот
  • Можност за работа од дома
  • Приватно здравствено осигурување
  • Исплата на минат труд и годишен регрес
  • Новогодишен бонус и ваучери за пазарење
  • Поволности за купување со попуст и на рати
  • Финансиски надомест и слободни денови за свадба и принова
  • Годишен одмор определен согласно Закон за работни односи
  • Одлична работна атмосфера
  • Различни мотивациски и тим билдинг активности
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за развој преку соодветни развојни планови и тренинг програми
  • Унапредувања и движење од еден во друг бизнис сектор, како и движење на останатите пазари на Балканот и на Афричкиот континент
Кандидатот е потребно да поседува подготвеност и страст за предизвици со кои ќе се соочи во првите 6 месеци бидејќи компанијата нуди динамична и мотивирачка средина!
 
Доколку сакате да станете  дел од нашиот успешен и победнички тим, а сметате дека ги исполнувате условите на овој конкурс, аплицирајте најдоцна до 31.03.2024 год.
 
За аплицирање на огласот пополнете ја електронската пријава на следниот линк:
или испратете го Вашето CV во
Нелт СТ, ДООЕЛ
на ул.32, бр.20,
1041 Илинден, Скопје
 
Напомена: Сите пријави ќе бидат разгледани, а само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани.
 
Запознајте дел од нашите брендови:
 

​Дознајте повеќе за нас на https://www.nelt.com/mk/

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Производство и Занаетчиство изнесува 24.798 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде