ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
ФАРБАР ЗА АНТИКОРОЗИВНА ЗАШТИТА
- Нанесување заштитни слоеви (главно прајмер) на автобуси или делови;
- Припрема на боја и прајмери според упатство за мешање на компоненти
- Поврзување на опремата ( високопритисни пиштоли и високопритисни црева за фарбање )
- Боење со спреј (прајмер)
- Прскање боја по правило: рамномерно, редовно, чисти и мазни површини
- Извршува дневни рутини за одржување на опремата за испрскување на боја
- Посебно внимание за економично користење на материјалите.
- Минимум средно образование од техничките струки;
- Способност за прецизна работа со детали;
- Способност за работа под притисок и кратки рокови.
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини