Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
Во таа насока , Либерти Скопје нуди пракса со можност за вработување на менторски принцип во :
Пракса во Оддел Планирање и програмирање
Времетраење на праксата: 3 месеци, полно работно време.
Потребно знаење:
- Напредно познавање на Microsoft Excel и Power point
- Познавање на англиски јазик
- Изработка на планови и програми за работа на погонот
- Автоматизација на процес на изработка на извештаи и планови и програми за работа на погонот
- Дипломец или студент на техничките факултети ќе се смета за предност
- Познавање на некој програмски јазик за потребите на процесот на автомазиција (C#, Python..)
Придобивки:
- континуиран процес на учење и развој на вештини во професионална работна атмосфера
- стекнување искуство во меѓународна компанија
- покриени трошоци за превоз и храна
Наменето за дипломирани студенти и постдипломци кои се:
- комуникативни и имаат желба за учење
- сакаат предизвици
- насочени кон успех
- достапни за редовна пракса (40 часа/неделно)
- до 34 години
Своето CV можете да го испратите преку Брзата Апликација.