Групацијата LIBERTY Steel Group, како дел од GFG Alliance, е глобална компанија за челик и рударство со над 30.000 вработени на повеќе од 200 локации на четири континенти. Тоа е меѓународен бизнис со интегрирана понуда - од производство на течен челик направен од суровини и рециклирани материјали до челици со голема прецизност и придружни услуги, достапни за клиенти ширум светот.
Либерти Скопје, како дел од Либерти Стил Групацијата, е еден од најголемите производители на челични производи на Балканот и нуди ладновалани, поцинкувани и пластифицирани производи, главно за сегментот на општа индустрија на регионалниот пазар. Ние веруваме дека нашата позиција во челичната и рударската индустрија носи уникатни можности.
Во таа насока , Либерти Скопје нуди пракса со можност за вработување на менторски принцип во :
Пракса во Оддел за програмирање и планирање - постројка Припрема
Времетраење на праксата: 3 месеци, полно работно време.
Потребно знаење: напредно познавање на Excel и познавање на англиски јазик
Придобивки:
- континуиран процес на учење и развој на вештини во професионална работна атмосфера
- стекнување искуство во меѓународна компанија
- покриени трошоци за превоз и храна
Наменето за дипломирани студенти и постдипломци кои се:
- комуникативни и имаат желба за учење
- сакаат предизвици
- насочени кон успех
- достапни за редовна пракса (40 часа/неделно)
- до 34 години
Своето CV можете да го испратите преку Брзата Апликација.