ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
АСИСТЕНТ ЗА НАБАВКИ
- Усогласување со компаниските политики и процедури за набавка на материјали и услуги
- Истражување на домашниот и странскиот пазар
- Следење рокови и планови за набавка
- Анализа на понуди и изработка на ценовни компарации
- Контрола на трошоци
- Изготвување на нарачки
- Следење на испораките
- Градење на професионален и цврст деловен однос со добавувачите
- Контрола на фактури
- Архивирање на документи.
- Универзитетска диплома ќе се смета за предност
- Работно искуство во областа на набавките најмалку 1 година
- Поседување на аналитички и математички вештини
- Одлично познавање на англиски јазик (говорење/читање/пишување)
- Одлично познавање на Microsoft Office алатките
- Способност за работа во тим
- Способност за работа во динамична средина
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места