Работодавачот може да го стопира огласот и пред истекот на рокот за пријавување во случај да добие задоволувачки број на апликации или ако го пронајде соодветниот кандидат од веќе пристигнатите апликации.
ТАВ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ
TAV MACEDONIA
ВРАБОТУВА!
За потребите на работниот процес, согласно домашните и меѓународни правила и прописи во дејноста, отворените работни места за:
ЗАПОЗНАЈТЕ НÈ
ТАВ Аеродроми обезбедуваат интегрирани услуги во сите области на аеродромското работење и во глобални рамки управуваат со 92 аеродроми во 26 земји. Како членка на групацијата ADP, ТАВ Аеродроми е дел од водечката платформа за управување со аеродроми на глобално ниво. Во Република Северна Македонија, ТАВ Аеродроми ги опслужуваат Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот „Свети Апостол Павле“во Охрид.
РЕФЕРЕНТ ЗА ФИЗИЧКО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА АЕРОДРОМ СВ„АПОСТОЛ ПАВЕЛ“ ОХРИД
ОПИС НА РАБОТНО МЕСТО:
Да го заштити цивилниот воздушен сообраќај од дејствија на незаконско постапување, како и имотот, вработените, коминтентите и гостите.
ОСНОВНИ ОДГОВОРНОСТИ:
Одговорен е да го заштити Цивилниот воздушен сообраќај од актите на незаконско постапување, како и имотот, вработените, коминтентите и гостите.
Должен е да постапува по конкретни задачи предвидени со програмата за обезбедување, упатствата и процедурите за работа за конкретната работна позиција.
Задолжен е за спроведување на пешачака и моторна патрола во зоните на аеродромот, периметарската ограда и објектите во нив заради утврдување на нивната безбедносна и техничка состојба за што изготвува соодветен извештај.
Задолжен е за спроведување на видео надзор и постапување согласно Правилникот за начинот на вршење на видео надзор во ТАВ Македонија.
Заштита од неовластено влегување и движење на лица во AIRSIDE и другите зони на ограничено движење преку идентификување и задржување на сомнителните лица до доаѓање на МВР.
Задолжен е за заштита на имотот на компанијата од неовластено внесување – изнесување на предмети, опрема, делови од опрема и друг вид на имот.
Задолжен е за надгледување на процесот на прифат и отпрема на воздухоплови од безбедносен аспект.
Задолжен е за спроведување на безбедносен преглед на возила пред влез во безбедносно ограничените зони на аеродромот како и за спроведување на придружба на возила и на посетители во безбедносно ограничените зони на аеродромот.
Задолжен е да врши пред- бординг контрола на патниците.
Се грижи за состојбата на оружјето, опремата, средствата за лична заштита и за истото води и доставува соодветна писмена евиденција.
Задолжен е за контролирање на ИД картичките, пријавување на придружувани лица во ПС за ГК Аеродром Св. Апостол Павле Охрид со цел издавање на времени ИД картички и водење на редовна евиденција за спроведување на истото.
По потреба извршува работни задачи на Рентген Оператор согласно лиценците,сертификатите и уверенијата за работа.
Задолжен е да изготвува дневни извештаи за спроведените активности како и извештаи за било какви нарушувања или безбедносно-интересни случки, појави и предмети кои би можеле да ја загрозат безбедноста на воздухопловното пристаниште, воздухопловите, патниците и предметите.
Одговорен е да ги почитува сите интерни акти на ТАВ – Македонија
Одговорност за извшување на работата согласно системите за управување со квалитет, задоволство на клиентите и животната средина
Извршува и други должности и обврски по наредба на претпоставениот,согласно позитивните законски прописи
ВЕШТИНИ:
Добра физичка кондиција
Прва помош
Само одбрана
Ракување со огнено оружје
Комуникациски вештини
Тимска работа
Добро познавање на организацијата
Професионалност и одговорност
Почитување и работна етика
Организациски вештини и менаџирање со време
Ориентираност кон корисници
Англиски јазик
Компијутерски вештини
ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ
Средно Училиште (IV степен)
Високо образование (VII Степен) ќе се смета за предност
Уверение за завршен А2 степен на познавање на англиски јазик (согласно Common European Language Framework)
Положен стручен испит за вршење обезбедување на имот и лица (Сл.весник на Р.Македонија бр.80/99 член 8)
Работното време е организирано во смени.
Нудиме динамична и стимулативна средина, како и професионален предизвик.
Ве молиме имајте во предвид дека само избраните кандидати ќе бидат контактирани.
Во очекување сме на Вашите апликации!
СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА
Просечната плата во категоријата Сигурност и заштита изнесува 22.035 MKD.
Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!