ОПИС НА КОМПАНИЈАТА:
Van Hool е реномиран производител на автобуси и комерцијални возила од Белгија. Van Hool е најголем независен производител на автобуси во Европа со над 4,000 вработени. Повеќе од 60 години Van Hool е препознаен по својот оригинален, динамичен и прилагоден кон клиентот дизајн, како и по високиот квалитет и современите технолошки решенија.
За растечките потреби на нашиот производен капацитет Ван Хоол Македонија, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје2, во Бунарџик/Илинден отвораме нови работни места за следниве позиции:
АДМИНИСТРАТОР ЗА ЦАРИНА И ЛОГИСТИКА
- Основен оперативен контакт со шпедитерот;
- Организирање на транспорт за увоз на материјали;
- Остварување контакт со добавувачите за организирање на транспортот;
- Организирање на транспорт за извоз на готовиот производ;
- Следење на транспортот;
- Следење на трошоците за транспорт;
- Изработка на документи за евиденција на увозот и извозот;
- Подготовка и поднесување на барање за издавање на регистарски таблички.
- ВСС - Факултет за царина и шпедиција;
- Претходно работно искуство во шпедиција;
- Активно познавање и користење на софтверот за облагородување (loan system);
- Способност за работа во динамична работна средина, под притисок и во кратки рокови;
- Познавање на англиски јазик – напредно ниво (чита, пишува, говори);
- Познавање на софтверот DCK Data ке се смета за предност.
- Компетитивни месечни примања на пазарот на труд во РМ
- Регрес за годишен одмор од 23.100 денари
- 24/7 дополнително осигурување од незгода
- Бесплатен топол оброк со избор на повеќе менија во кантина со ресторански стандард
- Обезбеден превоз до/од работното место
- Работна околина според највисоки европски норми за безбедност и здравје при работа
- Можност за стекнување на меѓународно препознаени сертификати за стекнати професионални вештини
- “Купи со попуст” - одобрени попусти за вработени во одредени продажни места