Vrabotuvanje.com - Правник - Скопје - ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Скопје

Рок за пријавување:

  • ФД М КЕШ Македонија ДООЕЛ Скопје
 

Финансиско друштво M Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје е небанкарска финансиска институција, специјализирана за брзо одобрување и исплата на мали, необезбедени потрошувачки кредити, кое е дел од Management Financial Group (MFG), групација која обезбедува финансиски услуги во Бугарија, Украина, Романија, Полска, Македонија и уште многу други земји ширум светот.

Ние сме млад тим од искусни професионалци, сакаме да работиме напорно и да бидеме најдобри. Ако си подготвен да ни се придружиш на нашето патување, ќе ни биде задоволство да ни се приклучиш во тимот !

Како резултат на брзата експанзија и потребата од добра организација ФД М Кеш Македонија ДООЕЛ Скопје има потреба од Правник.

Идеалниот кандидат треба да биде лидер, да има искуство во менаџирање на вработени, резултатно ориентиран, добро организирана и самоиницијативна личност која може да понуди брзи решенија за новонастанати ситуации.

Правник

 

Работни задачи и одговорности:

  • Сеопфатни правни услуги;
  • Правни совети;
  • Изработка на дописи, акти и сите видови извештаи потребни за пред надлежни институции;
  • Застапување и заштита на интересите на работодавецот пред државни органи;
  • Изготвување на правила, процедури и политики за работење;
  • Консултантски услуги за секој вид на договори;
  • Обезбедување на законска услогласеност со дејноста на друштвото;
  • Истражување и проценка на различни фактори на ризик во врска со деловни одлуки и активности;
  • Применување ефективни техники за управување со ризик и проактивни совети за можни правни проблеми;
  • Комуникација и преговарање со надворешните страни, регулатори, надворешни соработници, државни органи и клиенти;
  • Редовно следење и навремено информирање за измените во применливите прописи;
  • Учество во нови проекти;
  • Давање на совети, правни мислења и предлози во врска со нови продукти, процеси и проекти;
  • Целосно спроведување на постапки пред надлежни институции за промени на управител, основна главнина, отворање на нови ПП, регистрација/пререгистрација на работно време;
  • Носење на одлуки поврзани со секојдневното работење;
  • Имплементирање на измените од соодветните закони;
  • Подготовка или ревидирање на политиките и процедурите за да се осигура усогласеност;
  • Асистирање на останатите оддели, како што е потребно;
  • Навремено известување за ризик согласно важечките закони и прописи;
  • Спроведување на интерни оценки, проверки и тестирања на потенцијалните ризици од работењето;
  • Давање на насоки за усогласеност на работењето;
  • Следење на ризиците и преземање на мерки за намалување на истиот;
  • Навремено идентификување на новите ризици кои произлегуваат од новите прописи во врска со финансии, лични податоци, перење пари.

Квалификации:

  • Задолжително високо образование;
  • Минимум 3 години работно искуство во дејноста. Искуство во работењето со небанкарски финансиски институции ќе се смета за предност;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Oдлично познавање на MS Office;
  • Поседување на возачка дозвола Б – категорија.

Потребни вештини:

  • Одлични интерперсонални вештини (одговорност за вработените, контрола на тимот и претставување на друштвото);
  • Комуникативност, прецизност, лојалност, иноватиност, тимска работа, добра организираност;
  • Можност за извршување на задачи во куси рокови и справување со работа под притисок;
  • Способност за планирање на своите работни обврски како и ефективно планирање и насочување на работните задачи на тимот;
  • Самоиницијативност;
  • Способност за индивидуална и тимска работа;
  • Комуникациски и организациски вештини.

Ние нудиме:

  • Компетитивна плата;
  • Пријателска работна атмосфера;
  • Работа во брзо растечко друштво нуди индивидуален раст и развој на своите вработени;
  • Работа со фантастичен тим од професионалци и индивидуалци кои веруваат во интегритет, тимска работа и отворена комуникација;
  • Приватно здравствено осигурување;
  • Можност за внатрешни и надворешни обуки за усовршување;
  • Учество во општествено одговорни активности.


Испратете го вашето CV и мотивационо писмо преку полето Брза Апликација.

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Право изнесува 23.814 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде