Vrabotuvanje.com - Возач на автодигалка - Скопје - Фабрика „Карпош“
Сподели
Tweet
Сподели
Испрати на пријател

Огласот не е активен. Пријавувањето е невозможно.

Возач на автодигалка

Скопје

Рок за пријавување:

  • Фабрика „Карпош“

Фабриката „Карпош” е производител на елементи за урбана опрема почнувајќи од бетонски декоративни плочи со различни димензии за уредување партери, тротоари, паркинзи, па сè до сложени монтажни конструктивни елементи за изведба на различни видови објекти. Освен тоа, фабриката „Карпош” е специјализирана за проектирање и за производство на монтажни конструктивни елементи за изградба на крупнопанелни згради, семејни куќи, индустриски објекти, армиранобетонски мостови, ПТТ-столбови, далноводи и трафостаници, вибропресувани цевки и шахти, центрифугирани шипови, железнички прагови од преднапрегнат бетон, бетонска галантерија, како и изработка на бетонски и армиранобетонски елементи по порачка.

Денес, фабриката „Карпош” е организација која може да им понуди на инвеститорите проекти, монтажни конструктивни елементи, техничка подготовка и изведба која подразбира висока технологија, квалитет и прифатлива цена. Фабриката „Карпош” има добиено сертификат за квалитет ИСО 9001 со кој се потврдува коректноста во водењето на работата. Особено таа е организација каде што се изнаоѓаат одредени решенија за соодветни градежни проблеми за да се реализираат специфичните барања на секој клиент.

Фабрика Карпош А.Д Скопје како резултат на зголемен обем на работа има потреба од:

 
Возач на автодигалка

Потребни квалификации:

  • Средна стручна спрема
  • Претходно работно искуство на истата позиција

Личен профил:

  • Одговорна и организирана личност
  • Колегијалност и работа во тим

Ние Нудиме:

  • Редовни месечни примања.
  • Обезбеден превози и оброк.
  • Примања / 50.000 ден /60.000 ден.


Сите заинтересирани кандидати своите професионални биографии може да ги достават електронски преку полето Брза Апликација.

Лице за контакт 070/383-594

СПОРЕДЕТЕ ЈА ВАШАТА ПЛАТА

Просечната плата во категоријата
Сообраќај и Транспорт изнесува 24.623 MKD.

Дознај ја платата за посакуваната позиција според твоите квалификации!

Започни

Vrabotuvanje.com.mk користи колачиња (анг. cookies) за да ви овозможи подобро корисничко искуство. Повеќе информации можете да прочитате овде